Пукано во таксист во Дубровник

 Таксист од Дубровник  на возраст од 28 гиодини синоќа бил ранет во самиот центар на градот, во него биле испукани шест куршуми.

Очевидците  на настанот изјавиле дека еден од куршумите го погодил во коленото, пренесуваат тамошните медиуми.

Две машки лица, кои се во бегство имале вербална расправа со таксистот . По расправијата дошло и до туркање, а потоа и пукање.

Во соопштението од полицијата се наведува дека несреќниот настан се случил 45 минути по полноќ и дека е ранет 28-годишник, кој се наоѓа во болница.

– Пред пукањето имало вербален и физички напад помеѓу две машки лица и повредениот. Напаѓачите веднаш по нападот се оддалечиле од местото на настанот во непознат правец. За нив се трага интензивно. Полицијата го знае идентитетот на еден од напаѓачите – соопштила полицијата.

Грета ги повика медиумите да посветат повеќе внимание на другите млади активисти

Познатата активистка Грета Тунберг денес ги повика медиумите да посветат повеќе внимание на другите млади климатски активисти.

„Нашите приказни се кажани повеќе пати“, рекла Грета додека говорела на климатскиот состанок на ОН во Мадрид заедно со истакнатата германска активистка Луиса Нојбауер, пренесе „АП“.

„Нема потреба веќе да не слушате“, порача таа и додаде дека луѓето, посебно оние од глобалниот југ, од домородни заедници, треба да ги раскажат своите приказни.

Грета потоа го дала микрофонот на другите млади активисти од САД, Филипини, Русија, Уганда Кина и Маршалските острови.

Во Загреб се отворила дупка на патот, едено возило пропаднало

Возачот е повреден и префрлен во болница.

Како што јавуваат од загребската служба за итни ситуации, околу 17 часот на една улица  во Загреб се отворила голема дупка.

Јавуваат дека се работи за дупка со длабочина од 160 до 180 центиметри и ширина од 250x350 центиметри. Едно возило пропаднало во отворот а возачот е повреден и пренесен во болница.

Улицата потоа е затворена за сообраќај а на терен се загребските пожарникари, брзата помош, полициската управа,  и други тимови за справување со вакви ситуации.

Заев: Стануваме дел од најмоќната воено-безбедносна и политичка алијанса на светот

Премиерот Заев заедно со министерката за одбрана Шекеринска и претседателот на собранието, Џафери, остварија средба со адмирал Џејмс Фого, командантот на американските поморски сили за Европа и Африка. 

Средбата се одржа на носачот на авиони „Хари С. Труман“.

Тоа беше можност одблиску да се доживеат импресивните воени способности на воено поморските сили на САД, кои им служат на американските, но и на сите граѓани на земјите – членки на НАТО алијансата, напиша на Фејсбук премиерот Заев.

притисни ентер