Квентин Тарантино најави кој филм би можел да биде негов последен

Повеќекратно наградуваниот режисер и сценарист Квентин Тарантино , неодамна порача дека ќе се повлече од светот на филмот откако ќе го сними десеттиот филм. Тој откри и кој би бил неговиот последен филм.

Тарантино откри дека неговиот последен десетти филм би можел да биде „Ѕвездени Патеки“.

„Размислував, ако некој филм би бил  мојот последен, тоа сигурно би бил „Ѕвездени Патеки“. Доколку го снимам овој филм, не би се потпирал на оригиналот, но уште не знам дали ќе го снимам“, рече Тарантино

Љубителите на работата на Тарантино моментално можат да го гледаат неговиот последен филм „Беше еднаш во Холивуд“

Фото: Сенида ги покажа облините во костим за капење

Лето е, сите се разголуваат па и Сенида постави фотографии во костим за капење на својот „Инстаграм“ профил.

Таа преферира едноставни костими за капење и не е толку нападна во покажувањето на нејзиното тело.  

Видео: Куче скокна во река за да го спаси своето другарче

Кога ќе се земе во предвид дека водата не е длабока и дека чамецот е блиску до брегот, ова видео и не е толку драматично.

Но кога ќе го видете уплашеното мало кученце како цимоли, сигурно ќе ви падне жал за него. Такво чувство имаше и големото куче и затоа направи ваков храбар потег.

„RIMAC“ на турнеја низ америка

„RIMAC“ и неговите електрични болиди, веќе некое време се низ Америка, каде учествуваат  на бројни автомобилски случувања.

Љубителите на автомобили низ Америка ќе можат да ги видат и да се восхитуваат на новите модели од компанијата „RIMAC“.

притисни ентер