Седум лица полесно повредени во сообраќајки во Скопје

Седум лица биле полесно повредени во шест од вкупно 11 сообраќајки во текот на вчерашниот ден. Во пет од сообраќајките била причинета материјална штета.

Од СВР Скопје информираат дека вчера сообраќајната полиција санкционирала 38 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, а од сообраќај исклучила 13 возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол, 23 возачи пред да се стекнат со право на управување моторно возило и двајца почетници, како и 15 нерегистрирани возила.

Санкционирани биле и еден возач кој поминал на крстосница на црвено светло, тројца возачи не дале првенство на минување на обележан пешачки премин, двајца возачи не дале првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, тројца возачи за неправилно престројување, еден возач за неправилно престигнување, четворица возачи за не давање првенство наминувње на возила во зона на крстосница, 12 возачи за не носење заштитен шлем, 16 возачи за не  користење сигурносен појас и 20 возачи кои користеле мобилен телефон за време на управување на моторно возило.

Затекнати биле 54 возила непрописно паркирани, а со помош на  специјалното возило „пајак", отстранети биле 48 возила. 

Грета ги повика медиумите да посветат повеќе внимание на другите млади активисти

Познатата активистка Грета Тунберг денес ги повика медиумите да посветат повеќе внимание на другите млади климатски активисти.

„Нашите приказни се кажани повеќе пати“, рекла Грета додека говорела на климатскиот состанок на ОН во Мадрид заедно со истакнатата германска активистка Луиса Нојбауер, пренесе „АП“.

„Нема потреба веќе да не слушате“, порача таа и додаде дека луѓето, посебно оние од глобалниот југ, од домородни заедници, треба да ги раскажат своите приказни.

Грета потоа го дала микрофонот на другите млади активисти од САД, Филипини, Русија, Уганда Кина и Маршалските острови.

Во Загреб се отворила дупка на патот, едено возило пропаднало

Возачот е повреден и префрлен во болница.

Како што јавуваат од загребската служба за итни ситуации, околу 17 часот на една улица  во Загреб се отворила голема дупка.

Јавуваат дека се работи за дупка со длабочина од 160 до 180 центиметри и ширина од 250x350 центиметри. Едно возило пропаднало во отворот а возачот е повреден и пренесен во болница.

Улицата потоа е затворена за сообраќај а на терен се загребските пожарникари, брзата помош, полициската управа,  и други тимови за справување со вакви ситуации.

Заев: Стануваме дел од најмоќната воено-безбедносна и политичка алијанса на светот

Премиерот Заев заедно со министерката за одбрана Шекеринска и претседателот на собранието, Џафери, остварија средба со адмирал Џејмс Фого, командантот на американските поморски сили за Европа и Африка. 

Средбата се одржа на носачот на авиони „Хари С. Труман“.

Тоа беше можност одблиску да се доживеат импресивните воени способности на воено поморските сили на САД, кои им служат на американските, но и на сите граѓани на земјите – членки на НАТО алијансата, напиша на Фејсбук премиерот Заев.

притисни ентер