Алгоритам за препознавање активности развиен на ФЕИТ победи на меѓународен натпревар

Предизвикот беше огромен, бидејќи се натпреварувате со тимови и институции од целиот свет. 

Алгоритам што користи сензорски податоци за да препознае човечки активности и да детектира паѓање, развиен од тим на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) го освои првото место на меѓународниот натпревар „Челинџ Ап: Мултимодал Фол Детекшн" (Challenge UP: Multimodal Fall Detection).

Тимот што ја освои главната награда Drone Parrot Bebop 2 FPV е составен од доц. д-р Христијан Ѓорески (водач), студентите Ивана Кипријановска, Симон Станкоски, Анастасија Николовска, Наташа Младеновска, Марија Трајаноска и Бојана Величковска, како и тројца соработници од Институтот Јожеф Стефан во Љубљана – маг. Мартин Ѓорески, проф. д-р Митја Луштрек и проф. д-р Матјаж Гамс. Нивниот алгоритам тие ќе го опишат во специјално издание во реномираното научно списание „Artificial Intelligence in Multimodal Sensors for Healthcare".

– Предизвикот беше огромен, бидејќи се натпреварувате со тимови и институции од целиот свет. Во конкуренција од 23 тимови, нашиот алгоритам ги постигна најдобрите резултати и со тоа го освоивме првото место. Натпреварот беше одлична можност за сите членови на тимот, но пред сè за студентите. Тие добија практично искуство за работа на истражувачки проект, работа во тим, како и практична примена на теоретските знаења од областа на вештачката интелигенција, што ги предавав на ФЕИТ. Победата на овој натпревар е уште еден доказ за квалитетот на студентите кои се запишуваат на ФЕИТ и доказ дека со знаење и труд може да се натпреваруваме и да победуваме во светски рамки, изјави Ѓорески.

Тој објаснува дека ваквите типови алгоритми се од областа на вештачката интелигенција, поточно машинското учење кои имаат цел да овозможат корисни апликации за корисниците, како што се оценување на потрошени калории, сигнализација на аларм во случај на паѓање и слично. Дел од овие алгоритми веќе се користат и во комерцијални апликации (паметни часовници, паметни алки), но тие и постојано се надградуваат и подобруваат за поточна детекција на активностите и паѓањето.

Според Николовска, натпреварот за неа е доследно заокружување на четиригодишното студирање на ФЕИТ. – Со овој предизвик во една целина успеавме да ги обединиме тимскиот дух, стекнатите знаења во областа и инженерското размислување. Истовремено, благодарејќи на посветеноста на менторот, добивме одлична подготовка за претстојните реални предизвици, додава Николовска.

Нејзината колешка Кипријановска смета дека учеството на интернационален натпревар било голем предизвик. – Секако уште поголема беше возбудата кога дознавме дека сме дел од трите најдобри тимови на натпреварот. Добрите резултати овозможија да присуствуваме на Меѓународната заедничка конференција за невронски мрежи во Будимпешта. Во рамки на оваа конференција го презентирав нашиот алгоритам за препознавање на активности, заедно со останатите два тима – финалисти од Ирска и Турција, вели Кипријановска.

„Челинџ Ап: Мултимодал Фол Детекшн" е меѓународен натпревар за препознавање на човечки активности и паѓање со помош на сензорски податоци. Натпреварот е организиран од мексиканскиот Универзитет Панамерикана, кој покани четири најдобри тимови на Меѓународната заедничка конференција за невронски мрежи во Будимпешта. Натпреварот во Будимпешта го организира Меѓународното здружение за невронски мрежи во соработка со IEEE Computational Intelligence Society.

Верстапен ја освои пол-позицијата за ГН на Кина

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, ја освои пол-позицијата во квалификациите за Големата награда на Кина.

Верстапен извози најбрз круг со време 1:33.660 минута. Неговиот тимски колега Серхио Перез го освои второто место, а возачот на Астон Мартин Фернандо Алонсо го освои третото место.

Луис Хамилтон од Мерцедес кој спринтот го заврши на второто место не успеа да излезе од првиот сегмент, завршувајќи на 18. позиција.

На спринтот победи Верстапен.

Големата награда на Кина од Формула 1 шампионатот ќе почне утре од 9 часот по македонско време. /МИА

Руски воен репортер загина во Украина

Воениот известувач на рускиот весник „Известија“ Семјон Еремин, загинал во напад на украинско беспилотно летало во југоисточна Украина, објави весникот.

Нападот се случил вчера кога 42-годишниот Еремин и неговата екипа се враќале од снимање од селото Прјутне, во близина на линијата на фронтот во регионот Запорожје.

Украина досега не го коментираше настанот.

Најмалку 15 новинари се убиени од почетокот на руската инвазија на Украина во февруари 2022 година, според Комитетот за заштита на новинарите, непрофитна организација која се залага за слобода на медиумите ширум светот. /МИА

Леброн: Јокиќ е еден од најдобрите на сите времиња

Првата ѕвезда на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс искажа комплименти за центарот на Деневер, Никола Јокиќ.

Лејкерси ќе се сретнат со Нагетс во 1. коло од плејофот, а дуелот Џејмс – Јокиќ предизвикува големо внимание кај светската кошаркарска јавност.

- Еден од најдобрите досега. Едноставно е таков. Јокиќ може се. Што е најважно, тој го менува начинот на кој неговите соиграчи размислуваат за сопствената игра. Кога некој може да ги инспирира другите да играат на ниво на кое не ни знаеле дека можат, тоа е доказ дека зборуваме за навистина одличен играч, рече Џејмс.

Првата средба во плејоф пресметките меѓу Лос Анџелес лејкерс и Денвер нагетс е закажана за утре. /МИА

притисни ентер