Заврши првата фаза од реконструкцијата на одделенијата во болницата „Св. Наум Охридски" во Скопје

 Завршена е првата фаза од реконструкцијата на одделенијата во Специјалната болница по хируршки болести „Св. Наум Охридски" во Скопје (стара градска болница).

Реновирањето се одвива во неколку етапи. Целосно е реновиран третиот кат каде се сместени одделенијата за детска хирургија и за пластична хирургија, соопшти денеска Министерството за здравство.

Министерот за здравство Венко Филипче утрово ја посетил болницата и се сретнал со директорот на болницата Иван Спировски.

Во рамки на посетата, како што се наведува во соопштението, министерот Филипче се сретна и со здравствените работници и со нив разговараше за состојбата, условите за работа и се информираа за новините кои ги спроведува Министерството за здравство.

– Во моментов се реновираат првиот и вториот кат. На првиот кат е сместено одделението за урологија, а на вториот кат сместен е одделот за дигестивна хирургија. Поставен е и нов лифт за да се одвива непречено работата во болницата, се вели во соопштението од Министерството за здравство. 

Фото: Сенида ги покажа облините во костим за капење

Лето е, сите се разголуваат па и Сенида постави фотографии во костим за капење на својот „Инстаграм“ профил.

Таа преферира едноставни костими за капење и не е толку нападна во покажувањето на нејзиното тело.  

Видео: Куче скокна во река за да го спаси своето другарче

Кога ќе се земе во предвид дека водата не е длабока и дека чамецот е блиску до брегот, ова видео и не е толку драматично.

Но кога ќе го видете уплашеното мало кученце како цимоли, сигурно ќе ви падне жал за него. Такво чувство имаше и големото куче и затоа направи ваков храбар потег.

„RIMAC“ на турнеја низ америка

„RIMAC“ и неговите електрични болиди, веќе некое време се низ Америка, каде учествуваат  на бројни автомобилски случувања.

Љубителите на автомобили низ Америка ќе можат да ги видат и да се восхитуваат на новите модели од компанијата „RIMAC“.

притисни ентер