Русковска за ДВ: Има нови пријави од бизнисмени дека биле рекетирани

Се уште се вештачи одземениот мобилен телефон од јавниот обвинител за да се утврди дали е вмешан во случајот со рекетот, велат од обвинителството за организиран криминал и корупција. 

Мобилниот телефон на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева и беше одземен во понеделникот вечерта, откако полицијата ги уапси Боки 13 и Зоки Кичеец поради сомнежи дека изнудиле 1,5 милони евра од осомничен за да му ја олеснат положбата. Обвинителката Вилма Русковска за Дојче веле, вели дека има сознанија дека и други бизнисмени пријавиле случаи на рекет и дале изјава во обвинителството, но се собираат докази за да се потврдат нивните наводи.

-Имам сознанија за други случаи, но не можам да ви кажам за колку лица се работи. Тие лица дадоа изјава и сега бараме докази за да ги потврдиме исказите-Вилма Русковска – Обвинител.

На Јанева и се губи секаква трага во јавност откако истиот ден со апсењата поднесе оставка од функцијата која ќе важи откако политичките партии ќе се договорат околу иднината на СЈО. Вчера пак оттаму соопштија дека таа отворила боледување ден по оставката.

Опозициската ВМРО ДПМНЕ бара одговори и одговорност од Јанева. Партијата се сомнева дека таа може да избега или да влија врз сведоците затоа бараат во итна постапка да се истражи случајот.

По скандалот со рекетот социлјалдемократите на синоќешниот Централен одбор на партијата донесе декларација со која даде поддршка на највисокото раководство но и на институциите да го истражат случајот за да се утврди дали има вмешаност и на партиски функционери. Министерот за внатрешни Оливер Спасовски пак ги повика граѓаните да пријавуваат корупција.

Грета ги повика медиумите да посветат повеќе внимание на другите млади активисти

Познатата активистка Грета Тунберг денес ги повика медиумите да посветат повеќе внимание на другите млади климатски активисти.

„Нашите приказни се кажани повеќе пати“, рекла Грета додека говорела на климатскиот состанок на ОН во Мадрид заедно со истакнатата германска активистка Луиса Нојбауер, пренесе „АП“.

„Нема потреба веќе да не слушате“, порача таа и додаде дека луѓето, посебно оние од глобалниот југ, од домородни заедници, треба да ги раскажат своите приказни.

Грета потоа го дала микрофонот на другите млади активисти од САД, Филипини, Русија, Уганда Кина и Маршалските острови.

Во Загреб се отворила дупка на патот, едено возило пропаднало

Возачот е повреден и префрлен во болница.

Како што јавуваат од загребската служба за итни ситуации, околу 17 часот на една улица  во Загреб се отворила голема дупка.

Јавуваат дека се работи за дупка со длабочина од 160 до 180 центиметри и ширина од 250x350 центиметри. Едно возило пропаднало во отворот а возачот е повреден и пренесен во болница.

Улицата потоа е затворена за сообраќај а на терен се загребските пожарникари, брзата помош, полициската управа,  и други тимови за справување со вакви ситуации.

Заев: Стануваме дел од најмоќната воено-безбедносна и политичка алијанса на светот

Премиерот Заев заедно со министерката за одбрана Шекеринска и претседателот на собранието, Џафери, остварија средба со адмирал Џејмс Фого, командантот на американските поморски сили за Европа и Африка. 

Средбата се одржа на носачот на авиони „Хари С. Труман“.

Тоа беше можност одблиску да се доживеат импресивните воени способности на воено поморските сили на САД, кои им служат на американските, но и на сите граѓани на земјите – членки на НАТО алијансата, напиша на Фејсбук премиерот Заев.

притисни ентер