Димковски: Рано е да се зборува за откупната цена на грозјето

Тој посочи дека засега се очекува добра берба и добар принос на грозјето.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство од поодамна е во контакт со лозарите и речиси во континуитет е во комуникација со Здружението на лозарите, а на винариите им е пратено циркуларно писмо за да видиме какви се нивните планови за откуп и преработка на грозје за годинава и колкава ќе биде бербата, информира денеска ресорниот министер Трајан Димковски.

-Досега се одржаа неколку состаноци, во понеделник ќе имаме нов. Ја следиме состојбата и според најавите некои од винарските визби планираат помалку да откупат, но не би одел со заклучоци додека не ги собереме целосните резутати. Веќе разговаравме и за можни активности што би ги презело Министерството доколку се дојде до заклучок за вкупниот план за откуп на грозјето од винарииите, а тоа ќе го имаме за недела до две, по што би тргнале со некои наши активности за да видиме доколку може да се пласира во соседството, изјави Димковски во одговор на прашање при денешната посета на Општина Градско.

Тој посочи дека засега се очекува добра берба и добар принос на грозјето.

Прашан дали на состаноците станало збор и за откупната цена на грозјето, Димковски рече дека лозарите секогаш бараат повисока цена, но додаде дека во услови на добар принос и поголема понуда од побарувачка цената ќе биде дискутабилна.

-Сепак не би сакал уште од сега да одиме со цени. Во последните две три години имавме теденција на пораст на цените, а ќе видиме какви ќе бидат годинава. Цената заедно ќе ја определиме со винариите и со лозарите, рече Димковски.

Во моментов, посочи, има редовен откуп на праската, а од пред една недела почна и откупот на меката праска наменента за преработка за сокови, која претходно земјоделците ја фрлаа.

-Започна веќе да се врши таков откуп и веќе не очекуваме проблеми од типот на фрлање на праските како што се случуваше во периодот кога немаше никаков откуп. Сезоната ја почнавме  со забрана за извоз во Русија, што се повлече со координирани активности  со Државниот инспекторат за земјоделство, Фитоуправата и со Македонско – руската комора. Правевме се и веќе нема вратени камиони и пред една недела близу  1.500 до 2.000 тони веќе се извезени во Русија, рече Димковски.

Нагласи дека пазарот за праска станува се попребирлив и додаде дека индустријата не ги сака првите сорти кои се раѓаат во земјава, бидејќи не се одвојува семката и тешко се преработуваат.

-Не очекувам да има некои проблеми со извозот иако е шпицот на бербата. Алтернативни пазари секогаш се бараат и тоа така ќе продолжи, а преку саеми од 400.000 на 1,5 милиони е зголемена и поддршката за фирмите што извезуваат свежо овошје и зеленчук, потенцира Димковски./МИА

Грета ги повика медиумите да посветат повеќе внимание на другите млади активисти

Познатата активистка Грета Тунберг денес ги повика медиумите да посветат повеќе внимание на другите млади климатски активисти.

„Нашите приказни се кажани повеќе пати“, рекла Грета додека говорела на климатскиот состанок на ОН во Мадрид заедно со истакнатата германска активистка Луиса Нојбауер, пренесе „АП“.

„Нема потреба веќе да не слушате“, порача таа и додаде дека луѓето, посебно оние од глобалниот југ, од домородни заедници, треба да ги раскажат своите приказни.

Грета потоа го дала микрофонот на другите млади активисти од САД, Филипини, Русија, Уганда Кина и Маршалските острови.

Во Загреб се отворила дупка на патот, едено возило пропаднало

Возачот е повреден и префрлен во болница.

Како што јавуваат од загребската служба за итни ситуации, околу 17 часот на една улица  во Загреб се отворила голема дупка.

Јавуваат дека се работи за дупка со длабочина од 160 до 180 центиметри и ширина од 250x350 центиметри. Едно возило пропаднало во отворот а возачот е повреден и пренесен во болница.

Улицата потоа е затворена за сообраќај а на терен се загребските пожарникари, брзата помош, полициската управа,  и други тимови за справување со вакви ситуации.

Заев: Стануваме дел од најмоќната воено-безбедносна и политичка алијанса на светот

Премиерот Заев заедно со министерката за одбрана Шекеринска и претседателот на собранието, Џафери, остварија средба со адмирал Џејмс Фого, командантот на американските поморски сили за Европа и Африка. 

Средбата се одржа на носачот на авиони „Хари С. Труман“.

Тоа беше можност одблиску да се доживеат импресивните воени способности на воено поморските сили на САД, кои им служат на американските, но и на сите граѓани на земјите – членки на НАТО алијансата, напиша на Фејсбук премиерот Заев.

притисни ентер