Дескоска на средба со Брнз, Законот за ЈО клучен предизвик за Министерството за правда

Министерката за правда Рената Дескоска денеска се сретна со новоименуваната амбасадорка на Соединетите Американски Држави во Македонија, Кејт Мари Брнз, соопшти Министерството за правда.

Министерката Дескоска ѝ посака добредојде и успешен мандат на амбасадорката Брнз и изрази благодарност за досегашната соработка и поддршка која Македонија ја добива од Соединетите Американски Држави.

Во поглед на реформската агенда на Министерството за правда, Дескоска ја информираше амбасадорката Брнз за досегашните активности и одблизу ја запозна со донесените закони, но и со клучниот предизвик што претстои на патот на интеграција на државата во Европската Унија.

Дескоска, како што стои во соопштението, истакна дека во моментот се наоѓаме во многу сензитивна ситуација со Законот со Јавното обвинителство, кој наредната седмица ќе биде испратен во собраниска процедура, и дека овој закон претставува клучен предизвик во работата на Министерството за правда.

Амбасадорката Брнз ја пренесе поддршката на САД во процесот на градење силни и независни институции базирани на принципот на владеење на правото, заштитата на човековите права и  борбата против корупцијата./МИА

Во Загреб се отворила дупка на патот, едено возило пропаднало

Возачот е повреден и префрлен во болница.

Како што јавуваат од загребската служба за итни ситуации, околу 17 часот на една улица  во Загреб се отворила голема дупка.

Јавуваат дека се работи за дупка со длабочина од 160 до 180 центиметри и ширина од 250x350 центиметри. Едно возило пропаднало во отворот а возачот е повреден и пренесен во болница.

Улицата потоа е затворена за сообраќај а на терен се загребските пожарникари, брзата помош, полициската управа,  и други тимови за справување со вакви ситуации.

Заев: Стануваме дел од најмоќната воено-безбедносна и политичка алијанса на светот

Премиерот Заев заедно со министерката за одбрана Шекеринска и претседателот на собранието, Џафери, остварија средба со адмирал Џејмс Фого, командантот на американските поморски сили за Европа и Африка. 

Средбата се одржа на носачот на авиони „Хари С. Труман“.

Тоа беше можност одблиску да се доживеат импресивните воени способности на воено поморските сили на САД, кои им служат на американските, но и на сите граѓани на земјите – членки на НАТО алијансата, напиша на Фејсбук премиерот Заев.

Путин и Зеленски за прв пат се сретнаа во Париз

Во Париз денес се одржува состанок на германската канцеларка Ангела Меркел, претседателот на Франција Емануел Макрон но и рускиот и украинскиот лидер Владимир Путин и Володимир Зеленски.

Четворката се состана за да пробаат да најдат решение за прекин на петгодишните  конфликти на истокот од Украјна, а средбата е означена како клучна.

Инаку, ова е прв состанок на руски и украински претседател во пет години.

притисни ентер