Карбинци продаде три парцели за изградба на индустриски капацитети

Општина Карбинци успеа да продаде три градежни парцели во индустриската зона. 

Градоначалникот на Општина Карбинци, Јордан Насев денеска информираше дека постигната е и висока цена на една од парцелите, која се продала за 11 денари за квадратен метар.

Според него, најважно е што станува збор за сериозни инвеститори, што треба да изградат свои капацитети во зоната.

– Мене особено како градоначалник ме радува што сите овие фирми што ги купија градежните парцели се докажани фирми кои веќе имаат организирано производство. Се работи за фирми од кои едната работи во кондиторството, во производство на слатки, преработки на шеќер, чоколадо, крем. Втората фирма е во делот на месната индустрија, работи со пакување и производство на сувомеснати производи и третата фирма работи со макробиотска храна. Ова за Општина Карбинци значи заживување на овој дел од индустриската зона, рече Насев.

Тој забележува дека со изградбата на капацитетите ќе се намали и невработеноста, а младите ќе останат во своите населени места.

– За нас е од голема важност што ние преку оваа аукција успеавме да донесеме тројца инвеститори кои ќе градат и ќе бидат бенефит за Општина Карбинци, вели Насев.

Во индустриската зона во Општина Карбинци остана уште една не продадена градежна парцела./МИА

Грета ги повика медиумите да посветат повеќе внимание на другите млади активисти

Познатата активистка Грета Тунберг денес ги повика медиумите да посветат повеќе внимание на другите млади климатски активисти.

„Нашите приказни се кажани повеќе пати“, рекла Грета додека говорела на климатскиот состанок на ОН во Мадрид заедно со истакнатата германска активистка Луиса Нојбауер, пренесе „АП“.

„Нема потреба веќе да не слушате“, порача таа и додаде дека луѓето, посебно оние од глобалниот југ, од домородни заедници, треба да ги раскажат своите приказни.

Грета потоа го дала микрофонот на другите млади активисти од САД, Филипини, Русија, Уганда Кина и Маршалските острови.

Во Загреб се отворила дупка на патот, едено возило пропаднало

Возачот е повреден и префрлен во болница.

Како што јавуваат од загребската служба за итни ситуации, околу 17 часот на една улица  во Загреб се отворила голема дупка.

Јавуваат дека се работи за дупка со длабочина од 160 до 180 центиметри и ширина од 250x350 центиметри. Едно возило пропаднало во отворот а возачот е повреден и пренесен во болница.

Улицата потоа е затворена за сообраќај а на терен се загребските пожарникари, брзата помош, полициската управа,  и други тимови за справување со вакви ситуации.

Заев: Стануваме дел од најмоќната воено-безбедносна и политичка алијанса на светот

Премиерот Заев заедно со министерката за одбрана Шекеринска и претседателот на собранието, Џафери, остварија средба со адмирал Џејмс Фого, командантот на американските поморски сили за Европа и Африка. 

Средбата се одржа на носачот на авиони „Хари С. Труман“.

Тоа беше можност одблиску да се доживеат импресивните воени способности на воено поморските сили на САД, кои им служат на американските, но и на сите граѓани на земјите – членки на НАТО алијансата, напиша на Фејсбук премиерот Заев.

притисни ентер