Протест на патот Струга-Дебар, жителите бараа затворање на каменоломите во Лабуништа

Жителите на струшките села Лабуништа, Подгорци и Октиси преку мирен протест и блокирање на магистралниот пат Струга – Дебар побараа затворање на каменоломите во Лабуништа.

Организатор на протестот е еколошкото друштво „Натура Лаб" од Лабуништа, кое бара од ресорните министерства и Владата одземање или раскинување на концесиите во најкраток можен рок, со цел да се заштите населението од големото загадување предизвикано од ископите, како и да се спречи уништувањето на природните убавини.

Во моментот, според претседателот на „Натура Лаб" Алим Салоски, во подножјето на планината Јабланица, селото во Лабуништа имало шест активни каменоломи, кои работат со лиценци и уште неколку што работат без дозвола.

– Јавно ги покануваме одговорните министерства и премиерот Зоран Заев да дојдат на лице место и да се уверат што се случува на терен. Бараме од градоначалникот на Општина Струга, Рамиз Мерко да каже и докаже на кој начин е издадена Б интегрирана дозвола за работа на каменоломите, истакна Алиоски.

Жителите побараа и од АД „Илинден" веднаш да престане со работа на терен и да ги повлече машините.

Доколку институциите не одговорат на барањата, месното население најави порадикални протести пред општина Струга, но и пред Владата на Република Македонија.

Жителите на Лабуништа денеска ќе формираат и одбор за спас на селото, апелирајќи за брзо надминување на проблемот и неполитизација на настаните. /МИА

Локализиран пожарот од страна на Пинтија

Целосно е локализиран пожарот од страна на Пинтија, останува дел над населбата Усје. 

Противпожарни екипи се на терен и се работи на негово комплетно гаснење, информираат за МИА од Територијалната противпожарна единица на Град Скопје.

Пожарот избувна денеска околу 11:30 часот во шумата над скопската населба Пинтија. Зафатена беше поголема површина мешана шума.

Територијалната противпожарна единица на Град Скопје во гаснењето на пожарот доби помош и од воздух, активирани беа и авионите на Дирекцијата за заштита и спасување. Авионите направија два прелети  и фрлија вода кон Сопиште, каде се ширеше пожарот. Пожарникарите уверуваат дека нема опасност за ширење на пожарот кон Сопиште.

Во гаснењето на пожарот во Пинтија се вклучи и градоначалникот на Кисела Вода Филип Темелковски со претставници од Општината и месното население.

Во моментов активен е само пожарот кај Обиколница Бутел, а изгаснати се пожарите во Долно Блаце и Мојанци./МИА

Во сообраќајна несреќа настрадале мајка и ќерка од Пирот

Наместо да стигнат на одмор во Грција тие настрадале во сообраќајна несреќа.

Во сообраќајната несреќа која се случила во петок изутрина во Бугарија, на магистралниот пат кон Грција се случила сообраќајна несреќа во која настрадале мајка и ќерка, додека таткото кој го управувал возилото со тешки повреди е пренесен во болница.

Како што соопштуваат бугарските медиуми, несреќата се случила откако возилото „Фиат Панда“ со пиротски регистарски таблички од непознати причини нагло свртело на другата страна од коловозната лента и направило директен судир со автобус кој се обраќал на релација Благоевград- Сапарева бања.

Семејството од Пирот на кое му се случи оваа несреќа било тргнато на годишен одмор во Грција.

Тројца мртви во инцидент меѓу навивачи во Хондурас

Тројца се убиени во инцидент меѓу навивачи пред фудбалскиот меч помеѓу Мотахуе и Олимпија на Националниот стадион во Хондурас, пишуваат локалните медиуми.

Тие пренесуваат дека навивачи на Олипија го нападнале автобусот во кој се возеле навивачи од противничкиот тим. Се слушало пукање а полицијата користела солзавец за да го сопре инцидентот. Повредени се уште тројца луѓе од скршено стакло.

притисни ентер