Поставен штанд со апарати за поврат на ДДВ во населба Тафталиџе

Управата за јавни приходи денеска постави штанд со апарати за поврат на ДДВ кај супер маркетот „Веро 2", во населбата Тафталиџе.

 На штандот граѓаните ќе може да скенираат фискални сметки, а екипите на терен ќе им помагаат на оние кои не знаат или немаат можност да ја користат апликацијата „Мој ДДВ" за поврат на 15 отсто од платениот ДДВ. Проектот има за цел да го регулира бизнисот и да ги намали скриените трансакции.

Градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ ги повика граѓаните што повеќе да ја користат апликацијата, бидејќи со неа, како што рече тој, имаме двојни придобивки.

Од УЈП информираат дека заклучно со 17 јули 2019 година, скенирани се 3.541.016 фискални сметки, остварен е промет од 1.846, 261.806 денари, додека повратот од 15 отсто од пресметаниот ДДВ изнесува 29.767.379 денари.

Управата за јавни приходи за поддршка во процесот во своите 36 подрачни единици низ земјавa ќе отвори информативни штандови: киоск апарати, бар код читачи и паметни телефони преку кои ќе може на лице место да се регистрира фискалната сметка./МИА

Приведени две лица од Дебар кај кои се пронајдени 20-тина килограми марихуана

Тетовската полиција приведе две лица од Дебар откако во возилото со кое се превезувале се откриени 20-тина килограми марихуана.

– Попладнево, околу 17 часот, на улица „Илинденска" во Тетово, полициски службеници запреле патничко моторно возило „Мерцедес" со скопски регистерски ознаки во кое се превезувале две лица. Возилото го управувал 21-годишник, а како совозач бил 27-годишник, двајцата од Дебар. При нивен и преглед на возилото биле пронајдени 20-тина килограми марихуана. Лицата се лишени од слобода и задржани во Полициската станица Тетово за натамошна постапка, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Возилото е одземено за вештачење, додека увидните активности се уште се во тек. /МИА

Државјанин на БиХ доби 20 години затвор во Австрија

Државјанин на БиХ (55) е осуден во австрискиот град Лебен на 20 години затвор заради обид за убиство на еден брачен пар, пролетта оваа година.

Осуденикот работел на имотот на парот.

Наведениот 55-годишник од градот Муртал, ја полил жената со бензин и ја запалил. Жената се здобила со тешки телесни повреди, а во пожарот е повреден и нејзиниот сопруг.

Осудениот во текот на процесот одбивал да го признае кривичното дело.

Тој вели дека 20 години се грижел за овој пар и дека жената му ветила дека приватно ќе го осигура, а таа тоа не го направила.

Обвинителството успеало да докаже дека обвинетиот се обидел да го убие брачниот пар и дека тоа внимателно го има испланирано.

Несреќа во Унгарија, воз удрил во возило

Тројца жители на Јужна Кореја настрадале во сообраќајна несреќа во Унгарија кога воз удрил во нивното возило.

Несреќата се случила вчера, на железнички премин кој е на 60 киломери северно од Будимпешта. Како што пренесува „Ројтерс“, настраданите со возилото поминале на црвено светло.

Се уште нема потврда од страна на полицијата, дали настраданите биле туристи.

притисни ентер