Социјалните мрежи преплавени со слики од руската апликација „FaceApp“

Социјалните мрежи се преплавени од новата Руска алатка Фејс ап. Збрчкани  лица и обелени коси повторно се појавија на профилите на Фејсбук.

Секој љубопитен човек  има  можност да види како ќе изгледа во иднина ,и како ќе му прилегаат брчките на лицето. Ваквите апликации собираат податоци за лицето велат експертите со самото прифаќање на апликацијата  , достапна е електронската пошта   и телефонскиот број на лицето кој ја превзема апликацијата ,а достапни се и фотографиите .

Руската апликација создаена во  2017 година во Санкт Петербург, е една од најсимнуваните апликации во светот.

Од дирекцијата на заштита на личните податоци велат дека до сега се извршени над 100 надзори меѓу кои и за социјалните мрежи и злоупотребите на интернет.

Надзорите  се редовни , вонредни и контролни. Граѓаните најчесто се жалат за злоупотребите со лажни профили , вознемирување , и објавување на видеа  каде се нарушува приватноста. Луѓето што пријавуваат бараат да се отстранат содржините на интернет за кои мислат дека им е нарушена приватноста. Од Дирекцијата предупредуваат дека граѓаните треба да внимаваат какви апликации симнуваат од интернет и дека треба да внимаваат на својата приватност.

Неодамна Американските регулатори му изрекоа рекордна казна од пет милијарди долари на Фејсбук поради скандалот со откривањето на личните податоци на корисниците. Во тоа беше замешана британската фирма „Кембриџ аналитика“ која дојде до големо количество лични податоци преку квиз на Фејсбук и потоа ги искористи за да го проучи психолошкиот профил на американските гласачи и да влијае врз нив.

Фото: Сенида ги покажа облините во костим за капење

Лето е, сите се разголуваат па и Сенида постави фотографии во костим за капење на својот „Инстаграм“ профил.

Таа преферира едноставни костими за капење и не е толку нападна во покажувањето на нејзиното тело.  

Видео: Куче скокна во река за да го спаси своето другарче

Кога ќе се земе во предвид дека водата не е длабока и дека чамецот е блиску до брегот, ова видео и не е толку драматично.

Но кога ќе го видете уплашеното мало кученце како цимоли, сигурно ќе ви падне жал за него. Такво чувство имаше и големото куче и затоа направи ваков храбар потег.

„RIMAC“ на турнеја низ америка

„RIMAC“ и неговите електрични болиди, веќе некое време се низ Америка, каде учествуваат  на бројни автомобилски случувања.

Љубителите на автомобили низ Америка ќе можат да ги видат и да се восхитуваат на новите модели од компанијата „RIMAC“.

притисни ентер