Струшката фирма „Дрим Билдинг“ со тужба за Меѓународниот сојуз на Боки 13

Струшката фирма „Дрим Билдинг“ со тужба ќе си ги бара парите назад од Меѓународниот сојуз на Боки 13.

Сопственикот на фирмата Ардиан Амзоски за Канал 5 вели дека и покрај тоа што очекувале дека преку проектот за старечки домови ќе помогнат во решавање на важни социјални прашања, се изненадил од тоа како завршила целата приказна. Договор со Меѓународниот сојуз склучиле пред една година на чија што потпретседателка Јасна Ерцеговиќ Мандиќ и исплатиле 233 илјади евра, но откако и по рокот од 6 месеци не им биле вратени парите се одлучиле за тужба.

Чудно е зошто „Дрим Билдинг“ потпишал договор со Меѓународниот сојуз на Боки 13 а парите ги исплатил на физичко лице преку авторски договор.

Верувавме во овој проект. Меѓународниот Сојуз ни беше стратешки партнер и се надевавме на таа инвестиција. Имавме договор пред една година, нашата фирма исплати дел од парите. Но откако не се реализира договореното и во рокот од три месеци не ни ги вратија парите преку адвокатите поднесовме тужба на Меѓународниот Сојуз. Не очекувавме вака да заврши но како и што видовме во медиумите се случи тоа што се случи.

Откако првин пензионерката Лилјана Тодоровска, сведочеше дека, „девојка од Меѓуанродниот сојуз“ во торба и ги зела 730.000 евра, уплатени од фирмата Пелистер, кои ги подигнала од банка, потоа и изиграната Дрим Билдинг, во јавноста се отворија сомнежите дека токму преку Јасна Ерцеговиќ Мандиќ одел трансферот на парите за старечки домови кои никогаш не биле изградени. Иако Канал 5 пред неколку дена се обиде да стапи во контакт со неа одговор не добивме. Меѓународниот сојуз чиј што потпретседател е таа, според наведената адреса се наоѓа на Водно на улицата Тодор Александров. Но бидејќи како што ни кажаа таму е сместен во комплекс на амбасади, пристап до него освен со дозвола е невозможен.

Дали во рамки на истрагата е извршен претрес во просториите на Меѓународниот сојуз, од обвинителството засега не откриваат. Ве меѓувреме се чека вештачењето на мобилниот телефон на Боки 13 кој како што потврдија оттаму, му бил одземен во моментот кога беше уапсен на граничниот премин Богородица.

Швајцарија замрзна руски имот во вредност од 5,8 милијарди франци

 Швајцарија замрзна руски имот во вредност од 5,8 милијарди швајцарски франци или 5,95 милијарди евра, соопшти денеска Државниот секретаријат за економски прашања на земјата (СЕКО).

Оваа бројка се однесува на вкупната вредност на руските средства замрзнати од Швајцарија од почетокот на војната во Украина до крајот на 2023 година.

Вредноста на замрзнатите руски средства во Швајцарија е помала отколку на крајот на 2022 година, кога изнесуваше 7,5 милијарди швајцарски франци.

„Вредноста на финансиските средства замрзнати во врска со санкциите против Русија изнесуваше 5,8 милијарди швајцарски франци на 31 декември 2023 година. Ова е за 1,7 милијарди швајцарски франци помалку од бројката пријавена за декември 2022 година. Покрај тоа, сега се блокирани 17 имоти во 7 кантони“ се вели во соопштението на СЕКО. /МИА

Првите шест авиони „Рафал“ во Хрватска пристигнуваат оваа недела

Хрватскиот министер за одбрана, Иван Анушиќ, денеска соопшти дека неделава во Хрватска ќе пристигнат првите шест од вкупно 12-те купени борбени авиони „Рафал“.

„Со историски прелет од Бордо до Загреб, пилотите на хрватското воено воздухопловство, кои беа обучени Франција, в четврток ќе ги донесат моќните ловци и нови заштитници на хрватскиот воздушен простор“, напиша Анушиќ на социјалната мрежа Х.

Тој додаде дека модернизацијата на воздушната флота е најголемата инвестиција на Владата и Министерството за одбрана во безбедноста на државата.

Во 2021 година Хрватска потпиша договор со Франција за купување на 12 половни француски борбени авиони „Рафал“ во вредност од 999 милиони евра.

Првиот авион беше преземен во октомври минатата година во француската воена база во Мон де Марсан.

Во Франција на обука беа испратени околу 90 членови на техничкиот и летечкиот персонал. /МИА

Рикен нов генерален директор на Борусија Дортмунд

 Поранешниот германски фудбалер Ларс Рикен (47) е назначен за нов генерален директор на Борусија Дортмунд, соопшти бундеслигашот

Рикен речиси целата своја играчка кариера ја помина во Борусија Дортмунд, а од 2001 година е на чело на клупскиот тренинг центар. На новата должност ќе стапи на 1 мај.

Рикен доаѓа на местото на Ханс-Јоаким Вацке, кој претходно оваа сезона најави дека ќе се пензионира на крајот од сезоната.

„Уверен сум дека со неверојатната сила на овој клуб ќе оствариме големи победи“, порача Рикен.

Борусија Дортмунд во моментов е петтопласирана во Бундеслигата, а на почетокот на мај ќе игра против Пари Сен Жермен во полуфиналето од Лигата на шампионите. /МИА

притисни ентер