Во Крива Паланка утре ќе пристигнат околу 800 Французи во рамки на „Еуроп раид 2019"

Во Крива Паланка утре се очекува да пристигнат околу 800 француски државјани кои со 260 автомобили „Пежо 205" патуваат низ Европа во караванот наречен „Еуроп раид".

Караванот возила шеста година по ред обиколува дел од Европа, минувајќи 20 држави за 23 дена, изминувајќи околу 10.000 километри.

Годинашната рута на "Еуроп раид" започна на 27 јули и ќе трае до 17 август, а учесниците ќе донираат 17,5 тона училишни материјали и прибор во школите на Босна и Херцеговина, Албанија, Бугарија и Македонија.

Крива Паланка е одбрана за посета и донација на околу 100-тина килограми училишен материјал како град познат по своите активности во областа на Франкофонијата.

-Општина Крива Паланка е подготвена за прием на посетителите од Франција, кои се очекува да пристигнат утре, 8 август. Најпрвин ќе присуствуваат на франкофонскиот музички хепенинг закажан за 16 часот, во дворот на основното училиште „Јоаким Крчовски", а во 20 часот гостите ќе проследат културно-уметничката програма на градскиот стадион каде ќе се стационираат и ќе кампуваат во текот на ноќта. Во рамките на овој настан посета на Крива Паланка ќе оствари францускиот амбасадор во Македонија, Кристијан Тимоние, кој ќе оствари средба со градоначалникот на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски, информираат од општината.

„Еуроп раид" се организира по шести пат, со мисија во духот на човечката солидарност, да им помогне на деца кои немаат пристап до училиште или живеат во неповолни услови, донирајќи по најмалку 100 килограми училишна или спортска опрема во државите низ кои минува. /МИА

Маж од Подгорица исфрлил гола проститутка на улица, полицајците шокирани од полот (ФОТО)

Случајни минувачи кои пред неколку ноќи се нашле во елитната населба Мастер кварт во Подгорица биле сведоци на крајно бизарна сцена - на улица имало сосема гола проститутка.

Како што дознава Телеграф.рс., неименуван маж исфрлил целосно гола проститутка од станот на улица.

Околу 3 часот и 25 минути, случајни минувачи пријавиле во полиција дека преку Блажов мост кон Собранието на Црна Гора се движела сосема гола жена.

Се покажало дека е транс девојка.

Како што дознава Телеграф.рс, претходно дошло до расправија.

Предметната девојка била од Шпанија и работела како деловна придружба.

Била со партнерот и не сакала да соработува со полицијата. Таа била пренесена во Ургентниот центар за да се провери дали е повредена, но таа одбила помош.

Инаку, дотичната има профили на сајтови за придружба, на кои јасно се посочува дека е транс и дека сè уште не направила операција за промена на полот, објави Телеграф заедно со ВИДЕО.

Старателка призна дека убила дете и го фрлила во шахта: Имав син, му го одзедов животот (ВИДЕО)

Старателката Пами Меј (48) од Колумбус, Охајо, признала дека го убила момчето Дарнел Тејлор (5), а потоа го фрлила неговото тело во шахта.

Таа на 13 февруари годинава збеснала кога го видела како јаде грицки во креветот, а потоа решила да го казни, објави Ен-Би-Си.

Почнала да го дави со рацете, а кога сфатила дека момчето не е живо, телото го фрлила во шахта во близина на куќата во која живееле.

Телото на момчето било пронајдено неколку дена подоцна.

Пеми веднаш била уапсена и во полиција го признала убиството, а нејзиното признание е снимено на камера.

„Барем имаш деца. Имав син, но му го одзедов животот“, се слуша како Пем му кажува на еден од полицајците.

Во видеото таа открила дека решила да го убие Дарнел откако претходно во текот на денот го видела како се прикрадува со грицки во креветот.

Тоа толку ја налутило што точно планирала како да го убие момчето.

Во еден момент влегла во собата и почнала да го гуши. Таа рече дека момчето се обидело да се одбрани, но во еден момент престанало да се движи.

„Тогаш сфатив дека повеќе не е жив“, рече таа.

За време на полицискиот разговор, Пеми не покажала никакви емоции или знаци на каење.

Судењето на Пеми се очекува да започне на 25 април.

Аргентина бара партнерски статус во НАТО

Аргентина побара од НАТО да стане еден од глобалните партнери на тој безбедносен сојуз, изјави денеска министерот за одбрана Луис Петри во време кога неговата земја бара начин да ги зајакне врските со САД и Европската унија.

Аргентина во вторникот објави дека купува 24 американски борбени авиони Ф-16 од Данска, договор поддржан од Вашингтон.

Министерот Петри се сретна со заменик генералниот секретар на НАТО, Мирчеа Џоана и му врачи писмо во кое се изразува интересот на Аргентина да стане партнер на западната воена алијанса, објави министерот на X.

Според НАТО, глобалните партнери работат со членките на алијансата за споделување разузнавачки информации и учество во воени вежби.

Глобалните партнери на НАТО ги вклучуваат, меѓу другите, Австралија, Колумбија, Ирак, Јапонија, Јужна Кореја, Монголија, Нов Зеланд и Пакистан.

притисни ентер