Еуроимпекс станува ексклузивен увозник на брендот “Irimo“

Еуроимпекс, со почетоците на 2001 година, станува ексклузивен увозник на брендот “Irimo“ за Република Македонија и веќе 18 години успешно ја раскажува приказната на брендот.

Доколку ви е потребен рачен алат кој што е синоним за квалитет, функционалност и доверливост веќе 89 години, посетете ги салоните на Еуроимпекс, како генерален увозник на “Irimo“ и бидете дел од прмотивната акција, само во месец август!

Со користење на истите, потрошувачите добиваат сигурен квалитет, постојаност, достапност, функционалност и сигурност за употреба во металната, автомобилската и градежната индустрија. Широкиот асортиман на Irimo алатот, меѓу другото вклучува и алати за поправка и одржување на автомобили, што го издвојува како лидер во овој сегмент.

Едно е сигурно, “Irimo“ алатите професионалците ги избираат, бидејќи им веруваат!

Како дел од понудата можете да најдете: колички со фиоки за алати, работна маса, куфери, количка за транспорт, ранци за алати, одвртувачи, имбус клучеви, клешти, сечици и многу други алати корисни за вашето секојдневно работење.

Целата понуда можете да ја погледнете на следниов линк.

Компанијата “Irimo“ е основана во 1930 година во Urretxu, Шпанија со производство на оски за колички и лагери. Во 1995 Irimo е купен од глобалниот лидер во производство на рачен алат компанијата Snap-On Incorporated од САД со што се отвора нова страница во историјата на овој бренд.

Во 2005 година сопственикот Snap-On го најавува партнерството со обединување на неколку европски водечки брендови за производство на алат и основање на групацијата SNA Europe, каде и денес припаѓа Irimo.

Во 2014 година се превземени активности за ребрендирање на брендот Irimo со ново лого и боја. Подоцна во производство се вклучуваат рачни алати за голем број на апликации. На тој начин на производство еволуирале од шпански во европски бренд и ги адаптирале своите потреби за еден таков широк пазар.

Оваа еволуција и динамика продолжува сè до денес, овозможувајќи Irimo да ја добие довербата на клиентите кој истовремено ги задоволува нивните потреби.

Бебе од речиси една година плива и нурка како професионален ватерполист (видео)

Снимка што го одзема здивот.

„Таа веќе излегува од вода со сиот сјај на познатите спортисти“!

Во првите месеци од животот, бебињата инстинктивно рефлексно ја затвораат устата и го задржуваат здивот кога ќе се најдат под вода. Овој рефлекс се нарекува „рефлекс на пливање“ и им помага да преживеат во вода. Сепак, бебињата не нуркаат свесно како возрасните. Ако бебето случајно заврши под вода, неговиот природен рефлекс ќе го заштити од голтање вода.

Според експертите, бебињата би можеле да почнат да тренираат пливање некаде помеѓу четвртиот и шестиот месец, но тоа може да варира во зависност од индивидуалниот развој на детето и препораките на педијатарот. Важно е родителите да се консултираат со педијатар за да се уверат дека нивното дете е подготвено за оваа активност. Часовите по пливање за бебиња можат да бидат корисни за развивање на моторичките вештини, самодовербата кога се во водата и за јакнеење на врската помеѓу родителот и детето, бидејќи неретко еден од родителите е во вода со бебето.

Едно видео на кое едногодишно девојче плива, нурка, и стои на рацете од својот татко додека позира стана многу популарно. Но, начинот на кој тоа го прави е идентичен со оној на возрасните пливачи кои професионално се занимаваат со пливање.

Бебето без капа и очила за пливање стои на рацете од својот татко и скока главечки во базенот. Таткото кој е тренер, ни за момент не ѝ ги пушта нозете. Малото девојче се нурнува и потоа излегува плескајќи со рачињата. Потоа, грациозно застанува на рацете од својот татко, одржувајќи совршена рамнотежа и позира, па продолжува одново.

Снимката освоила 1.148.000 „лајкови“ на Инстаграм и мноштво коментари.

- Ми се допаѓа како си аплаудира секој пат кога ќе излезе од вода.

- Ова бебе страшно ме инспирира! Малите деца се толку слободни и амбициозни што би требало да учиме од нив како да ја прифатиме таа бестрашност и да се соочиме со препреките во зрелоста.

- Таа веќе излегува од водата со сиот сјај што го имаат познатите спортисти!

- Има целосна доверба во својот татко!

- Најубавото видео за пливање што сум го видел – коментираат корисниците на Инстаграм.

Маж од Подгорица исфрлил гола проститутка на улица, полицајците шокирани од полот (ФОТО)

Случајни минувачи кои пред неколку ноќи се нашле во елитната населба Мастер кварт во Подгорица биле сведоци на крајно бизарна сцена - на улица имало сосема гола проститутка.

Како што дознава Телеграф.рс., неименуван маж исфрлил целосно гола проститутка од станот на улица.

Околу 3 часот и 25 минути, случајни минувачи пријавиле во полиција дека преку Блажов мост кон Собранието на Црна Гора се движела сосема гола жена.

Се покажало дека е транс девојка.

Како што дознава Телеграф.рс, претходно дошло до расправија.

Предметната девојка била од Шпанија и работела како деловна придружба.

Била со партнерот и не сакала да соработува со полицијата. Таа била пренесена во Ургентниот центар за да се провери дали е повредена, но таа одбила помош.

Инаку, дотичната има профили на сајтови за придружба, на кои јасно се посочува дека е транс и дека сè уште не направила операција за промена на полот, објави Телеграф заедно со ВИДЕО.

Старателка призна дека убила дете и го фрлила во шахта: Имав син, му го одзедов животот (ВИДЕО)

Старателката Пами Меј (48) од Колумбус, Охајо, признала дека го убила момчето Дарнел Тејлор (5), а потоа го фрлила неговото тело во шахта.

Таа на 13 февруари годинава збеснала кога го видела како јаде грицки во креветот, а потоа решила да го казни, објави Ен-Би-Си.

Почнала да го дави со рацете, а кога сфатила дека момчето не е живо, телото го фрлила во шахта во близина на куќата во која живееле.

Телото на момчето било пронајдено неколку дена подоцна.

Пеми веднаш била уапсена и во полиција го признала убиството, а нејзиното признание е снимено на камера.

„Барем имаш деца. Имав син, но му го одзедов животот“, се слуша како Пем му кажува на еден од полицајците.

Во видеото таа открила дека решила да го убие Дарнел откако претходно во текот на денот го видела како се прикрадува со грицки во креветот.

Тоа толку ја налутило што точно планирала како да го убие момчето.

Во еден момент влегла во собата и почнала да го гуши. Таа рече дека момчето се обидело да се одбрани, но во еден момент престанало да се движи.

„Тогаш сфатив дека повеќе не е жив“, рече таа.

За време на полицискиот разговор, Пеми не покажала никакви емоции или знаци на каење.

Судењето на Пеми се очекува да започне на 25 април.

притисни ентер