Сто и двајца планинари се искачија на врвот Љуботен

Сто и двајца планинари со ноќно планинарење се искачија на врвот Љуботен и таму го дочекаа изгревањето на сонцето во 5:30 часот, во организација на планинарскиот клуб „Јелак". 

Искачувањето до врвот до 2.499 метри надморска височина го започнале околу 2 часот.

– Сите планинари што тргнаа успешно се искачија и вратија во планинарскиот дом Љуботен. Сите имаа челни ламби за осветлување за движењето по планина, како и дополнителни осветлувачки маркери за во раце. Најспектакуларното за ова традиционално искачување е дочекувањето на зората и изгревањето на сонцето, изјави Александар Стојановски Цули од ПК „Јелак".

Планинарите пристигнаа од Тетово, Скопје, Охрид, Битола и други градови во четвртото по ред ноќно искачување на врвот Љуботен.

Кој и сервираше појадок во кревет на Елизабет Харли?

Елизабет Харли е жив доказ дека годините се само бројка.

Сексапилната Англичанка во шестата деценија од својот живот има совршено тело, кое често го користи за да ја рекламира својата линија на костими за капење.

Таа своевремено имала бурен љубовен живот. Но Елизабет одамна не е видена во машко друштво а да тоа не е нејзиниот син или некој пријател. Пред неколку дена таа ги заинтригира своите фанови на Инстаграм кога објави фотографија од кревет.

Позираше покриена со јорган и со чинија овошје во рацете а многумина се запрашаа кој и сервирал појадок во кревет на Елизабет?

Научниците за прв пат ја измерија брзината на отчукување на срцето на синиот кит кога ќе нурне

Научниците со помош на електрокардиограф прицврстен за телото на синиот кит за прв пат во историјата ја измериле брзината на отчукувањето на срцето на ова животно.

Кога ќе се нурне под вода во потрага по храна, заклучиле дека има само неколку отчукувања во минута.

Научниците заклучиле дека, најголемиот цицач, синиот кит, кој може да достигне должина и до 30 метри и да тежи 200 тони, ја намалува активноста на срцето на само неколку отчукувања во минута кога ќе се нурне во вода.

Кога  синиот кит е под вода на моменти срцето му чука со само две отчукувања во минута а откако ќе излезе на површината на океанот и ќе вдише воздух срцето му чука со 37 отчукувања по минута, пишува „Ројтерс“.

Кај луѓето, срцето во состојба на мирување отчукува во распон од 60 до 100 отчукувања во минута а за време на напор или вежбање околу 200 отчукувања во минута.

.

Мекларен го претстави најмоќниот модел од својата Спорт серија

Британскиот Мекларен поприлично богатата година, кога се во прашање новите модели, ја заокружи со најмоќната верзија од својата Мекларен Спорт серија.

Се работи за ограничена серија од тркачкиот модел „620R“ прилагоден за цивилна употрева.

Мекларен ќе направи само 350 примероци со 3.8 литарски „V8“ мотор кој испорачува 611 коњски сили.

Овој модел базиран на тркачката верзија  „570S GT4“ забрзува од 0 до 100 км/ч за само 2,9 секунди.

За сопирање на „620R“ се задолжени карбон- керамички сопирачки со дискови со дијаметар од 390 милиметри напред и 380 милиметри назад.

Почетната цена на моделот е 299.000 долари.

притисни ентер