Комисија за заразни болести: Вирусот антракс со децении вирее во Македонија

Потврден прв случај на антракс оваа година во Македонија кај животно. 

Засега нема заразени луѓе со антракс, потврдуваат од Министерството за здравство. Инфективното заболување е потврдено кај овца од кичевскиот регион.  

Овцата имала симптоми на ова заболување и резултатите покажале позитивен наод за антракс. Во ваква состојба сите кои биле во контакт со заболеното животно мора да примаат заштитна профилакса или антибиотици, велат извори за Канал 5 од Комисијата за заразни заболувања.

Испитувањата потврдиле дека никој од проверените вработени, но и граѓани кои биле во близина на овцата немаат антракс. Надлежните излегле на терен, и не утврдиле нови случаи со антракс. Опозициската ВМРО ДПМНЕ денеска на прес конвенција ја објавија информацијата за антракс со образложение дека власта повеќе од две недели молчела за појавата на антракс.

Антраксот е заболување предизвикано од бактерија и најчесто се појавува кај домашните и дивите животни. Луѓето можат да се заразат преку директен или индиректен контакт. Во ретки случаи се пренесува и од човек на човек. Најчесто бактеријата навлегува во телото преку рана на кожата, а човекот може да заболи преку заразено месо.

Знаци и симптоми се кожни рани, подгинат јазол на кожата што чеша и наликува на убод на инсект со црн центар на раната, гадење, повраќање.

Антраксните спори може да останат во земјата не промените и до 60 години и да најдат свој домаќин. Инкубацијата е седум дена. 

Карлеуша објави фотографија од сопругата на Саша Поповиќ во бикини

Директорот на „Гранд“ Саша Поповиќ е со семејството во Опатија а тамо им се придружила и Карлеуша па заедно уживаат во одморот.

Карлеуша денес попладне ја натерала жената на Саша, Сузана Поповиќ да отвори Инстаграм профил. Потоа Карлеуша ја фотографирала во бикини и ја поставила фотографијата на својот профил за да ја промовира.

Фотографијата ги примамила фановите на Карлеуша па сите почнале да ја заследуваат Сузана на Инстаграм.

Анџелина Џоли низ солзи се прости од синот , кој замина на колеџ (ВИДЕО)

Актерката Анџелина Џоли вчера го испрати на колеџ својот најстар син Медокс на Универзитетот во Сеул , Јужна Кореја.

Доаѓањето на славната актерка во кампусот на факултетот предизвика голем интерес на студентите , кои од културна дистанца ја снимаа, но немаа храброст да и пристапат неа или на Медокс.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by jowonnn🦄☂️ (@xx_efu) on

Анџелина призна дека се воздржува да не заплаче , а со колку емоции го испраќа синот на факултет , се гледа на видеото , објавено од еден од студентите.

Во видеото се слуша дека Медокс одбрал да студира биоинженерство и дека ќе живее во студентскиот дом. Анџелина ги разочара фановите во Кореја , кога им кажа дека истиот ден се враќа во САД.

Бела Хадид позира за милион лајкови на Инстаграм (ФОТО)

Откако шокира со новата боја на косата , топ моделот Бела Хадид , ги освои фановите на Инстаграм со фотографиите во монокини.

Една од најпознатите манекенки на светот позираше во секси едноделен костум со исклучително длабоко деколте , а двете фотографии добија од вчера милион лајкови.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by 🦋 (@bellahadid) on

Бела позира во градина со цвеќиња , а во коментарите фановите напишаа и дека со новата боја на косата многу личи на сестра и Џиџи.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by 🦋 (@bellahadid) on

притисни ентер