Шелби мустангот ГТ 500 Елеанор кој го вози Николас Кејџ во филмот од 2000 година „ 60 секунди“ е најпопуларниот филмски автомобил според мислењето на корисниците на порталот „www.trackdays.co.uk“ , сајт кој го користат вљубениците во тркачките автомобили и мотори.
Посебно се популарни и моделите од серијалот „Огени улици“ .
На листата на најпопуларните автомобили се и британската гордост „Форд Ескорт РС МК1“ од шестото продолжение, Нисан ГТ – Р Р 35 од седмото, Доџ Челенџер Хелкет од осмото и Тојота Супра од првиот дел.
Меѓу топ десетте се и Ауди Р8 кој го вози Роберт Дауни Џуниор , Шелби Кобра од „Лоши момци“ и првиот Астон Мартин на Џејмс Бонд – ДБ 5 од „Златни прсти“.
На последните две места во изборот се Форд Мустанг ГТ Стејџ 3 од „Трансформери“ и портокаловиот „Џенерал Ли“ односно Доџ Чарџер од филмот и серијата „ The Dukes of Hazzard".
Топ 10:
Шелби Мустанг ГТ 500 Елеанор ( 60 секунди)
Форд Ескорт РС МК 1 ( Брзи и бесни)
Ауди Р* ( Ајрон мен)
Шелби Кобра – ( Лоши момци )
Нисан ГТ – Р Р35 ( Брзи и бесни 7)
Астон Мартин ДБ5 ( Златни прсти)
Доџ Челенчер ( Брзи и бесни)
Форд Мустанг ГТ Стејџ 3 ( Трансформери)
Доџ Чарчер – ((The Dukes of Hazzard)
10.Тојота Супра ( Брзи и бесни)