Му ветиле споменик, па им се заблагодари со хет-трик (ВИДЕО)

Андре- Пјер Гињак е најдобриот стрелец во историјата на мексиканските Тигрес , па затоа клубот ќе му направи споменик веднаш до стадионот.

Францускиот голгетер и ветеран пред почетокот на антпреварот со Нексак имал постигнати 105 голови со Тигрес , па во таа чест 105 маријачи му свиреа во текот на загревањето.

Музичарите ја пееја и свиреа песната ,,Крал” , а поранешниот фудбалер на Марсеј доби плакета и посебна топка за спомен. Од разгласот беше објавено дека Французот пред влезот на стадионот ќе добие статуа .

Гињак по ваквите подароци и објавата , беше видливо трогнат , па за да ја награди публиката постигна гол со хет – трик. Французот е во Мексико од 2015 и од тогаш со клубот Тигрес освоил четири првенства на земјата.

Руска атлетичарка се онесвестила на тренинг и починала

Тажна вест доаѓа од Русија , каде почина 22 годишната атлетичарка Маргарита Плавунова .

Младата атлетичарка починала среде тренинг во местото Моршанск , во Тамбовската област.

Атлетичарката  се онесвести за време на тренингот откако и се слошило. Руското регионално атлетско здружение соопшти дека причина за смртта е срцев удар, и иако била повикана брза помош, на спортистката и немало спас.

Русинката беше повеќекратен регионален шампион, како и  универзитетски на трките  со пречки на 60 метри. Таа, исто така, се натпреваруваше во трките на 100 и 400 метри со пречки.

На 100 метри нејзиниот најдобар резултат беше 14.06, а покрај спортската кариера, беше и модел.

Шпанските медиуми го најавија мегатрансферот на Нејмар

Со фантастична насловна страна шпанскиот магазин АС веќе го најави мегатрансферот на Нејмар во мадридски Реал.

Шпанските медиуми објавија дека Реал ќе ја чека последната недела на преодниот рок за да го доведе Нејмар , а доколку ПСЖ прифати некоја од понудите на Барселона , веднаш ќе се впушти во аукција.

,,Во Мадрид ги бројат парите” е напишано на насловната страница на АС , каде се најавува огромниот трансфер на Нејмар во Реал. За разлика од Барселона, реал полесно би ја поднел финансиски големата плата на Бразилецот , која изнесува 37 милиони евра.

Видео: „Волшебникот“ Меси повторно тренира

Најдобриот светски фудбалер Лионел Меси повторно е во тренажен процес во кампот на Барселона.

Капитенот на Барса поради повреда на листот на ногата пропушти неколку тренизи, но сега е подготвен за нови успеси на зелениот терен.

Меси се врати на тренинг и веднаш започна со својата магија, да игра во голем стил како да немал повреда на ногата. По секој потег можеше да се забележи колку му недостасувала буба марата .

Фановите на Барселона велат дека нивниот миленик е подготвен да ги „тероризира“ одбраните на противничките екипи.

притисни ентер