Трамп со закана до кинеската војска на границата со Хонг Конг: Останете мирни!

Американскиот претседател Доналд Трамп потврди , според информациите на разузнувачките служби дека кинеската војска се распоредува на границата со Хонг Конг.

Трамп ја повика кинеската војска на границата со Хонг Конг да останат мирни. Официјалните кинески медиуми објавија видеа од распоредувањетона бројни сили на границата на полу-автономниот регион во обид  Кина да ја истакне заканата со интервенција.

„Нашите разузнавачки служби не известија дека кинеската влада распоредува трупи на границата со Хонг Конг“, напиша Трамп на Твитер.

„Секој треба да остане мирен и безбеден“, додаде тој.

Доналд Трамп порано повика на мирно решение без крвопролевање. „Ситуацијата во Хонг Конг е тешка, многу тешка. Ќе видиме што се случува“, изјави Трамп пред новинарите.

„Се надевам дека тоа ќе биде решено за сите, вклучително и за Кина. Се надевам дека ќе има мирно решение. Се надевам дека никој нема да биде повреден или убиен“, додаде Трамп.

Убави зборови од Трамп за Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп му се заблагодари на Иран за „многу праведните преговори“ околу размената на затвореници меѓу двете земји во затегнати односи.

„Гледате дека заедно може да постигнеме договор“, напишал Трамп на Твитер.

Иран и САД денес разменија затвореници. Американец со кинеско потекло заробен на три година со обвинение за шпионажа за заробен Иранец.

Тлото не се смирува, нов земјотрес на Крит

Земјотрес со јачина од 4,4 степени денеска попладне го погоди грчкиот остров Крит, соопшти Институтот за геодинамика од националната опсерваторија во Атина.

Епицентарот на потресот бил на 30 километри длабочина во водите јужно од Крит, пренесува „АНА“.

На овој земјотрес му претходеа серија потреси во зоната на Крит, со јачина меѓу 3 и 4,4 степени, се наведува на сајтот на Европско-Медитеранскиот сеизмолошки центар.

Ирански војник со огнено оружје убил три полицајци

Ирански војник со огнено оружје убил три полицајци на југот од земјата, јавува агенцијата „Фарс“.

Агенцијата додава дека инцидентот се случил во пристанишниот град Бандар Ленгех на околу 1.000 километри од Техеран.

„Фарс“ додава дека војникот веднаш е уапсен но не се наведува мотивот за убиството.

Иранските медиуми повремено известуваат за такви инциденти. Еден војник во 2016 година извршил самоубиство откако убил тројца војници на југот од Иран.

Одредени експерти сметаат дека незадоволството кај војниците е предизвикано од обврзувачкиот воен рок од две години.

притисни ентер