Италијанскиот Сенат го одби Салвини , одложена владината криза

Италијанскиот Сенат денеска реши да ја одложи расправата за кризата на Владата за следната недела , со што го запре обидот на Матео Салвини за организирање предвремени избори.

Минатата недела заменик премиерот и министер за внатртешни работи , Матео салвини , кој е лидер на партијата Лига , ја распушти владејачката коалиција и за да ја искористи популарноста на неговата партија , побара одржување на предвремени избори, на кои би можел да стане премиер.

Сепак, планот на Салвини не беше успешен, бидејќи Движењето Пет Sвезди и парламентарните партии од левиот центар бараат да најдат начини за да избегнат одржување на предвремени избори четири години порано и да формираат алтернативно мнозинство.

Партијата Лигата се залагаше за гласање недоверба на владата, но Сенатот не одобри одржување на ваква расправа . Тие одлучија премиерот Џузепе Конте да се обрати во Горниот дом на Парламентот на 20 август.

„Дали има нешто поубаво, подемократско и подостоинствено отколку да му се даде на народот избор“, му рече Салвини во Сенатот во говорот за време на кој постојано беше прекинуван со извици и коментари од другите пратеници на партијата.

Приведени две лица од Дебар кај кои се пронајдени 20-тина килограми марихуана

Тетовската полиција приведе две лица од Дебар откако во возилото со кое се превезувале се откриени 20-тина килограми марихуана.

– Попладнево, околу 17 часот, на улица „Илинденска" во Тетово, полициски службеници запреле патничко моторно возило „Мерцедес" со скопски регистерски ознаки во кое се превезувале две лица. Возилото го управувал 21-годишник, а како совозач бил 27-годишник, двајцата од Дебар. При нивен и преглед на возилото биле пронајдени 20-тина килограми марихуана. Лицата се лишени од слобода и задржани во Полициската станица Тетово за натамошна постапка, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Возилото е одземено за вештачење, додека увидните активности се уште се во тек. /МИА

Државјанин на БиХ доби 20 години затвор во Австрија

Државјанин на БиХ (55) е осуден во австрискиот град Лебен на 20 години затвор заради обид за убиство на еден брачен пар, пролетта оваа година.

Осуденикот работел на имотот на парот.

Наведениот 55-годишник од градот Муртал, ја полил жената со бензин и ја запалил. Жената се здобила со тешки телесни повреди, а во пожарот е повреден и нејзиниот сопруг.

Осудениот во текот на процесот одбивал да го признае кривичното дело.

Тој вели дека 20 години се грижел за овој пар и дека жената му ветила дека приватно ќе го осигура, а таа тоа не го направила.

Обвинителството успеало да докаже дека обвинетиот се обидел да го убие брачниот пар и дека тоа внимателно го има испланирано.

Несреќа во Унгарија, воз удрил во возило

Тројца жители на Јужна Кореја настрадале во сообраќајна несреќа во Унгарија кога воз удрил во нивното возило.

Несреќата се случила вчера, на железнички премин кој е на 60 киломери северно од Будимпешта. Како што пренесува „Ројтерс“, настраданите со возилото поминале на црвено светло.

Се уште нема потврда од страна на полицијата, дали настраданите биле туристи.

притисни ентер