Триста до четиристотини повици дневно во Брзата помош, зголемен број на случаи со мозочни удари

Од 300 до 400 повици дневно има во Службата за Итна медицинска помош (ИМП) во Скопје, како и 100 до 120 интервенции на нивни екипи.

Дневно има и десеттина колапси на јавно место и зголемен број на случаи со мозочни удари, изјави за МИА раководителот на смена во ИМП, Маргарита Трипуновска.

Таа појасни дека граѓаните кои не се чувствуваат добро поради топлото време имаат кардиоваскуларни промени, главоболки, висок притисок, низок притисок, вртоглавица, повраќање, малаксаност, поспаност...

Посочи дека интервенираат и при сообраќајни незгоди, физички напади, кои се зачестени изминатите денови.

–  Граѓаните треба подолго време да престојуваат во разладени простории, да носат лесна облека, да внимаат на исхраната која треба да биде свежо подготвена, да пијат повеќе течности, да избегнуваат престој на отворено во периодот од 10 до 17 часот. Хронично болните навреме треба да ја земаат терапијата, додаде д-р Трипуновска. /МИА

Карлеуша објави фотографија од сопругата на Саша Поповиќ во бикини

Директорот на „Гранд“ Саша Поповиќ е со семејството во Опатија а тамо им се придружила и Карлеуша па заедно уживаат во одморот.

Карлеуша денес попладне ја натерала жената на Саша, Сузана Поповиќ да отвори Инстаграм профил. Потоа Карлеуша ја фотографирала во бикини и ја поставила фотографијата на својот профил за да ја промовира.

Фотографијата ги примамила фановите на Карлеуша па сите почнале да ја заследуваат Сузана на Инстаграм.

Анџелина Џоли низ солзи се прости од синот , кој замина на колеџ (ВИДЕО)

Актерката Анџелина Џоли вчера го испрати на колеџ својот најстар син Медокс на Универзитетот во Сеул , Јужна Кореја.

Доаѓањето на славната актерка во кампусот на факултетот предизвика голем интерес на студентите , кои од културна дистанца ја снимаа, но немаа храброст да и пристапат неа или на Медокс.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by jowonnn🦄☂️ (@xx_efu) on

Анџелина призна дека се воздржува да не заплаче , а со колку емоции го испраќа синот на факултет , се гледа на видеото , објавено од еден од студентите.

Во видеото се слуша дека Медокс одбрал да студира биоинженерство и дека ќе живее во студентскиот дом. Анџелина ги разочара фановите во Кореја , кога им кажа дека истиот ден се враќа во САД.

Бела Хадид позира за милион лајкови на Инстаграм (ФОТО)

Откако шокира со новата боја на косата , топ моделот Бела Хадид , ги освои фановите на Инстаграм со фотографиите во монокини.

Една од најпознатите манекенки на светот позираше во секси едноделен костум со исклучително длабоко деколте , а двете фотографии добија од вчера милион лајкови.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by 🦋 (@bellahadid) on

Бела позира во градина со цвеќиња , а во коментарите фановите напишаа и дека со новата боја на косата многу личи на сестра и Џиџи.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by 🦋 (@bellahadid) on

притисни ентер