Направиле свадбена гозба и гостите ги послужиле со храна што требало да заврши во контејнер (ВИДЕО)

Британците Кајли и Џо Тилстон направиле свадба за 280 гости и им послужиле раскошен доручек.

На трпезата имало секаков вид риба, говедско , свински ребра , пилешко , како и голем број вегетеријански и вегански јадења. Гостите дури по доручекот дознале дека храната била подготвена од вишок на продукти , што би завршиле во контејнер.

Откако им кажале со што ги нагостиле, во салата се слушнале само воздувнувања. Но , по првиот шок , повеќето биле воодушевени и отишле да си земат уште по една порција.

Младенците велат дека тие се активисти против фрлањето храна и затоа на свадбата ја комбинирале нивната хумана работа и здравиот разум. Просечниот доручек во ресторан чини и по 25 фунти од човек , додека Тилстони платиле пет пати помалку.

,,Кога треба да се нахранат речиси 300 гости , тоа има смисол.”, вели невестата.

Карлеуша објави фотографија од сопругата на Саша Поповиќ во бикини

Директорот на „Гранд“ Саша Поповиќ е со семејството во Опатија а тамо им се придружила и Карлеуша па заедно уживаат во одморот.

Карлеуша денес попладне ја натерала жената на Саша, Сузана Поповиќ да отвори Инстаграм профил. Потоа Карлеуша ја фотографирала во бикини и ја поставила фотографијата на својот профил за да ја промовира.

Фотографијата ги примамила фановите на Карлеуша па сите почнале да ја заследуваат Сузана на Инстаграм.

Анџелина Џоли низ солзи се прости од синот , кој замина на колеџ (ВИДЕО)

Актерката Анџелина Џоли вчера го испрати на колеџ својот најстар син Медокс на Универзитетот во Сеул , Јужна Кореја.

Доаѓањето на славната актерка во кампусот на факултетот предизвика голем интерес на студентите , кои од културна дистанца ја снимаа, но немаа храброст да и пристапат неа или на Медокс.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by jowonnn🦄☂️ (@xx_efu) on

Анџелина призна дека се воздржува да не заплаче , а со колку емоции го испраќа синот на факултет , се гледа на видеото , објавено од еден од студентите.

Во видеото се слуша дека Медокс одбрал да студира биоинженерство и дека ќе живее во студентскиот дом. Анџелина ги разочара фановите во Кореја , кога им кажа дека истиот ден се враќа во САД.

Бела Хадид позира за милион лајкови на Инстаграм (ФОТО)

Откако шокира со новата боја на косата , топ моделот Бела Хадид , ги освои фановите на Инстаграм со фотографиите во монокини.

Една од најпознатите манекенки на светот позираше во секси едноделен костум со исклучително длабоко деколте , а двете фотографии добија од вчера милион лајкови.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by 🦋 (@bellahadid) on

Бела позира во градина со цвеќиња , а во коментарите фановите напишаа и дека со новата боја на косата многу личи на сестра и Џиџи.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by 🦋 (@bellahadid) on

притисни ентер