Најбогатиот човек на одмор во Италија, вљубен ,,до уши” (ФОТО)

Најбогатиот човек на светот , Џеф Безос , ужива во друштво на новата партнерка Лорен Санчез , поради која се разведе од сопругата.

Иако на почетокот се сметаше дека станува збор за куса афера, основачот на компанијата Амазон , Џеф Безос и Лорен Санчез ги демантираа таблоидите.

Во моментот се одмораат во италијанското одморалиште Портофино.

Поранешната Тв водителка , Лорен Санчез беше мажена за холивудскиот ловец на таленти, Патрик Вајтсел , кој ја запознал со Безос. Тој , пак беше 25 години во брак со Мекензи Безос.

По објавувањето на аферата и двата пара се разведоа. Таблоидите на почетокот на годинава одеа и дотаму што објавуваа интимни СМС пораки кои Безос и ги праќал на Лорен , а им ги продал нејзиниот брат Мајкл.

Сега , двајцата уживаат на одморот на луксузна јахта и во прошетки низ италијанското одморалиште , а најбогатиот човек на светот изгледа дека е вљубен ,,до уши”.

Карлеуша објави фотографија од сопругата на Саша Поповиќ во бикини

Директорот на „Гранд“ Саша Поповиќ е со семејството во Опатија а тамо им се придружила и Карлеуша па заедно уживаат во одморот.

Карлеуша денес попладне ја натерала жената на Саша, Сузана Поповиќ да отвори Инстаграм профил. Потоа Карлеуша ја фотографирала во бикини и ја поставила фотографијата на својот профил за да ја промовира.

Фотографијата ги примамила фановите на Карлеуша па сите почнале да ја заследуваат Сузана на Инстаграм.

Анџелина Џоли низ солзи се прости од синот , кој замина на колеџ (ВИДЕО)

Актерката Анџелина Џоли вчера го испрати на колеџ својот најстар син Медокс на Универзитетот во Сеул , Јужна Кореја.

Доаѓањето на славната актерка во кампусот на факултетот предизвика голем интерес на студентите , кои од културна дистанца ја снимаа, но немаа храброст да и пристапат неа или на Медокс.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by jowonnn🦄☂️ (@xx_efu) on

Анџелина призна дека се воздржува да не заплаче , а со колку емоции го испраќа синот на факултет , се гледа на видеото , објавено од еден од студентите.

Во видеото се слуша дека Медокс одбрал да студира биоинженерство и дека ќе живее во студентскиот дом. Анџелина ги разочара фановите во Кореја , кога им кажа дека истиот ден се враќа во САД.

Бела Хадид позира за милион лајкови на Инстаграм (ФОТО)

Откако шокира со новата боја на косата , топ моделот Бела Хадид , ги освои фановите на Инстаграм со фотографиите во монокини.

Една од најпознатите манекенки на светот позираше во секси едноделен костум со исклучително длабоко деколте , а двете фотографии добија од вчера милион лајкови.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by 🦋 (@bellahadid) on

Бела позира во градина со цвеќиња , а во коментарите фановите напишаа и дека со новата боја на косата многу личи на сестра и Џиџи.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by 🦋 (@bellahadid) on

притисни ентер