Дали трагично загинатиот фудбалер Сала бил затруен со јаглероден моноксид ?

Според најновите податоци од анализите на трагично загинатиот фудбалњер , Емилијано Сала , во крвта имал смртоносна доза на карбоксихемоглобин.

Смртта на аргентинскиот фудбалер Емилијано Сала (28) , кој заедно си пилотот Дејвид Аботсон загинаа во пад на малиот авион во водите Ла Манш, го шокираше спортскиот свет и остави многу неодговорени прашања за причината за несреќата.

Речиси по седум месеци од падот на авионот , е објавен токсиколошкиот наод на телото на фудбалерот . Според анализите , непосредно пред смртта Сала бил изложен на висока концентрација на јаглероден моноксид.

Докторите утврдиле дека нивото на Јаглерод моноксид било толку големо , што можело да предизвика напад , несвестица, па дури и срцев удар и смрт.

Иако телото на пилотот Ајботсон сеуште не е најдено , веројатно и тој бил изложен на јаглероден моноксид , што фрла ново светло на причината за несреќата. До сега се сметаше дека искусниот пилот не можел да се снајде во невремето над Ла Манш , доедека летал од Франција кон Британија , додека ови анализи покажуваат дека поради труењето тој не бил во состојба да пилотира со малиот авион.

Во извештајот се напоменува дека нивото на карбоксихемоглобин во крвта на фудбалерот изнесувала 58% , додека нивото над 50 % се смета за смртоносна кај здрави лица.

- Кога станува збор за помалку изложеност на јаглерод моноксид, луѓето може да имаат вртоглавица и несвестица, но зголемената изложеност може да резултира со смрт. Истрагата ќе продолжи и нашата цел е да ги идентификуваме сите можни начини на кои јаглеродниот моноксид би можел да влезе во авион од овој тип - рече главниот инспектор за авионски несреќи , Џефри Херберт, додавајќи дека резултатите од истрагата ќе бидат познати следната година.

Руска атлетичарка се онесвестила на тренинг и починала

Тажна вест доаѓа од Русија , каде почина 22 годишната атлетичарка Маргарита Плавунова .

Младата атлетичарка починала среде тренинг во местото Моршанск , во Тамбовската област.

Атлетичарката  се онесвести за време на тренингот откако и се слошило. Руското регионално атлетско здружение соопшти дека причина за смртта е срцев удар, и иако била повикана брза помош, на спортистката и немало спас.

Русинката беше повеќекратен регионален шампион, како и  универзитетски на трките  со пречки на 60 метри. Таа, исто така, се натпреваруваше во трките на 100 и 400 метри со пречки.

На 100 метри нејзиниот најдобар резултат беше 14.06, а покрај спортската кариера, беше и модел.

Шпанските медиуми го најавија мегатрансферот на Нејмар

Со фантастична насловна страна шпанскиот магазин АС веќе го најави мегатрансферот на Нејмар во мадридски Реал.

Шпанските медиуми објавија дека Реал ќе ја чека последната недела на преодниот рок за да го доведе Нејмар , а доколку ПСЖ прифати некоја од понудите на Барселона , веднаш ќе се впушти во аукција.

,,Во Мадрид ги бројат парите” е напишано на насловната страница на АС , каде се најавува огромниот трансфер на Нејмар во Реал. За разлика од Барселона, реал полесно би ја поднел финансиски големата плата на Бразилецот , која изнесува 37 милиони евра.

Видео: „Волшебникот“ Меси повторно тренира

Најдобриот светски фудбалер Лионел Меси повторно е во тренажен процес во кампот на Барселона.

Капитенот на Барса поради повреда на листот на ногата пропушти неколку тренизи, но сега е подготвен за нови успеси на зелениот терен.

Меси се врати на тренинг и веднаш започна со својата магија, да игра во голем стил како да немал повреда на ногата. По секој потег можеше да се забележи колку му недостасувала буба марата .

Фановите на Барселона велат дека нивниот миленик е подготвен да ги „тероризира“ одбраните на противничките екипи.

притисни ентер