Мајк Тајсон шокира - месечно пуши цело богатство

Легендарниот боксер Мајк Тајсон ја нашол својата нова страст , а тоа е фарма на марихуана во Калифорнија.

Фармата наскоро ќе биде отворена за посетители , кои ќе може да се запознаат со штетноста и користа од марихуна во медицински цели. Боксерот најави и истражувања за да се искористи марихуаната што подобро за емдицински цели. Фармата се протега на 1,6 квадратни киломтри во јужна Калифорнија , а веќе таму се одржа музички фестивал , кој го организираше Тајсон со својот деловен партнер , Роб Хикман.

Во радио емисија , тој ги шокира своите фанови кога призна дека месечно пушат марихуна во вредност од 40 000 долари.

53- годишниот Тајсон се изрази во множина , па таблоидите претпоставуваат дека станува збор за сума испушена со пријателите или членовите на домаќинството.

Но , без оглед на шокантната изјава , Тајсон вели дека годишно заработува и по половина милион долари од продажбата на канабис за медицински цели , чие производство е дозволено во Калифорнија.

Карлеуша објави фотографија од сопругата на Саша Поповиќ во бикини

Директорот на „Гранд“ Саша Поповиќ е со семејството во Опатија а тамо им се придружила и Карлеуша па заедно уживаат во одморот.

Карлеуша денес попладне ја натерала жената на Саша, Сузана Поповиќ да отвори Инстаграм профил. Потоа Карлеуша ја фотографирала во бикини и ја поставила фотографијата на својот профил за да ја промовира.

Фотографијата ги примамила фановите на Карлеуша па сите почнале да ја заследуваат Сузана на Инстаграм.

Анџелина Џоли низ солзи се прости од синот , кој замина на колеџ (ВИДЕО)

Актерката Анџелина Џоли вчера го испрати на колеџ својот најстар син Медокс на Универзитетот во Сеул , Јужна Кореја.

Доаѓањето на славната актерка во кампусот на факултетот предизвика голем интерес на студентите , кои од културна дистанца ја снимаа, но немаа храброст да и пристапат неа или на Медокс.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by jowonnn🦄☂️ (@xx_efu) on

Анџелина призна дека се воздржува да не заплаче , а со колку емоции го испраќа синот на факултет , се гледа на видеото , објавено од еден од студентите.

Во видеото се слуша дека Медокс одбрал да студира биоинженерство и дека ќе живее во студентскиот дом. Анџелина ги разочара фановите во Кореја , кога им кажа дека истиот ден се враќа во САД.

Бела Хадид позира за милион лајкови на Инстаграм (ФОТО)

Откако шокира со новата боја на косата , топ моделот Бела Хадид , ги освои фановите на Инстаграм со фотографиите во монокини.

Една од најпознатите манекенки на светот позираше во секси едноделен костум со исклучително длабоко деколте , а двете фотографии добија од вчера милион лајкови.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by 🦋 (@bellahadid) on

Бела позира во градина со цвеќиња , а во коментарите фановите напишаа и дека со новата боја на косата многу личи на сестра и Џиџи.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by 🦋 (@bellahadid) on

притисни ентер