13 - годишно девојче почина откако врз него паднала статива во парк во Куманово

Тринаесетгодишно девојче денеска починало откако врз него паднала статива во  Соколана во Куманово, потврди полицијата.

Несреќниот случај се случил попладнево околу 16:00 часот.

Девојчето, соопштија од полицијата е државјанин на Република Хрватска со привремен престој во државата.

Екипа на Итна помош интервенирала и го однела детето во кумановската болница каде што лекарите се обиделе да го реанимираат, но безупешно. Случајот во полицијата бил пријавен од кумановската болница./MИА

Борис Џонсон се раскомоти во резиденцијата на Макрон

Џонсон ја крена ногата на маса додека разговараше со Макрон

Тој е снимен како на шала, накратко ја подига ногата и ја потпира на масичката во Елисејската палата a потоа им мавташе на фотографите. Макрон додека го гледаше тоа изгледаше како и тој да се забавува.

Потврдено, синот на Бин Ладен е мртов

Американскиот министер за одбрана Марк Еспер ја потврди смртта на Хамзе Бин Ладен, еден од синовите на убиениот водач на терористичката мрежа Ал Каида, Осама Бин Ладен.

За неговата смрт медиумите пишуваа уште кон крајот на Јули.

Еспер не соопшти никакви детали за смртта на наводниот наследник на Ал Каида, ниту за операцијата во која тој е убиен.

„Не ги деталите. Да ми беа познати ќе ви ги соопштев“, рекол Еспер.

Американските медиуми објавија дека Хамза Бин Ладен бил убиен и дека САД учествувале во операцијата за негова елиминација, но неговата смрт досега не беше јавно потврдена.

Судот и ја отфрли жалбата на Јанева за определениот притвор

Кривичниот суд и ја отфрли жалбата на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева за определениот 30-дневен притвор, потврдија за МИА од Кривичниот суд.

Судот синоќа одреди триесетдневен притвор за специјалната јавна обвинителка Јанева. Притворот го бараше Јавното обвинителство поради основано сомнение дека Јанева ја злоупотребила службената положба и овластувањата и се стекнала со лична корист.

Судијата Сеад Реџепагиќ вчера ја донел одлуката за притвор по сите три основи, опасност за повторување на делото, опасност за влијание врз сведоци и опасност за бегство.

Обвинителката Вилма Рускоска вечерва по излегувањето од Кривичниот суд изјави дека заедно со јавниот обвинител сметале оти во овој момент било неопходно да и се одреди мерка притвор на Јанева. Истакна дека истрагата продолжува и оти засега нема други осомничени што не значи дека таа не може да се прошири и на други лица.

Катица Јанева е осомничена дека ја злоупотребила службената положба и овластувањата и се стекнала со лична корист, со тоа што, најпрво влијаела за ослободување од притвор и враќање на патната исправа, а потоа и дала предлог да се олесни положбата на осомничен во „Империја" со негово прифаќање како сведок во постапката.

Јанева, чиј глас се слушаше во снимките објавени од италијанскиот весник „Ла Веритас", во кои таа на главниот осомничен за случајот „Империја" Орце Камчев му вели „се ќе биде добро" е третоосомничена во случајот „Рекет"./МИА

притисни ентер