Нов апарат за изведување операции на екстремитетите обезбеди ТОАРИЛУЦ

Станува збор за апарат од американски бренд, кој е водечки во светот. 

Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ) обезбеди нов апарат за ултразвук, кој има специјален софистициран софтвер за интервенции на периферни нервни блокови што значи дека овозможува подобра и попрецизна визуелизација на иглата, но и околните, дури и најмали анатомски структури (крвни садови, нерви, мускули) при зафатот кај пациентите, објави Министерството за здравство на својата веб страница.

Станува збор за апарат од американски бренд, кој е водечки во светот. Тој располага и со колор доплер, кој овозможува поголема безбедност и визуелизација на крвните садови, како и со сопствена батерија и може да се употребува шест часа без да е приклучен во струја.

– Периферните нервни блокови водени под ултразвук, претставуваат нова анестезиолошка техника, при која пациентот за време на хируршката интервенција е буден, контактибилен, а притоа не чувствува болка, ниту за време на процедурата, ниту во постоперативниот период од 12 часа. Интервенциите со помош на овој апарат ја прават оваа процедура комплетно безбедна, како поради директната визуелизација на анатомските структури, така и поради минималните дози локален анестетик, со што се постигнува максимален ефект, а можните компликации од процедурата се сведени на минимум, вели директорот на Клиниката ТОАРИЛУЦ, д-р Илир Хасани.

Министерот за здравство Венко Филипче, кој ја посети Клиниката, посочи дека опремувањето со современи апарати кои ја олеснуваат работата на лекарите, но и третманот на пациентите се главен приоритет на Министерството.

– Новиот апарат има бројни предности кои се стандард во сите поголеми западноевропски трауматолошки и ортопедски центри, при изведување операции на екстремитетите.

Особено е значаен бенефитот кај пациентите со бројни заболувања, кај кои постои ризик од општа или спинална анестезија или кај пациенти кај кои се изведува еднодневна хирургија, бидејќи по примената на оваа процедура, пациентот по хируршката интервенција може да си оди дома, истакна министерот Филипче.

Во споредба со класичната општа анестезија, со анализи направени на нашите клиники, утврдено е дека трошоците за лекови и потрошен материјал петпати се намалени кај пациентите кои биле третирани со периферни нервни блокови место пациентите кои примиле општа анестезија за време на хируршкиот третман, посочуваат од Министерството за здравство.

Две жртви во сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани

Тешка сообраќајна несреќа се случи на експресниот пат Штип-Кочани, во близина на ТИР зоната во Штип. Според првичните информации во несреќата животите ги загубиле две лица.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова потврди дека на овој експресен пат има тешка сообраќајна несреќа.

Таа за МИА изјави дека во тек е увидот и обезбедувањето на местото на несреќата од страна на полицијата.

Несреќата се случила околу 14.25 часот, помеѓу две патнички возила.

Саем на книга во Скопје: Само преку книгите, најмладите ќе ги насочиме на правилниот пат

Родителите и училиштето се двете најважни работи кои можат да всадат љубов кај децата за книгите, во време кога тие живеат во светот на интернетот и мобилните технологии. 

Само преку книгите, најмладите ќе ги насочиме на правилниот пат и вистинските вредности.

Ова е заедничкиот став на посетителите, издавачите и авторите на 36. издание на Саемот на книга, кој до 24-ти април се одржува во спортскиот центар Борис Трајковски во Скопје.

А токму најмладите беа едни од најприсутните на саемот. Преку орагнизирани училишни посети, досега над 2.000 ученици ги посетиле овој книжевен настан.

Приказната се чита, е слоганот на овогодинешниот Саем на книга. Организаторите велат дека само на тој начин, децата можат да влезат во светот на книжевноста.

Дека интернет технологијата го одзема вниманието на децата, согласни се дел од авторите и издавачите. Нивната мисија е, додаваат тие, да им ги доближат квалитетните книги на младата популација па и преку електронски форма.

Од популарна присохологија, до македонски и светски познати автори. На Саемот на книга ќе се претстават над 60 издавачи, и ќе има повеќе од 30 промоции на книги, детски работилници, настани и дискусии.

Овој книжевен настан завршува на 24 април, чии врати се затвораат во 20 часот.

Политички профил со кандидатката за претседателка – Гордана Силјановска Давкова

Во централните вести во 18 часот денеска ќе го емитуваме профилот на Гордана Силјановска Давкова.

Во продолжение дел од профилот.

притисни ентер