Но , строгите закони во Салвадор забрануваат абортус и девојката е осудена на 30 години затвор. И покрај драконската пресуда , денеска 21 годишната Евелин Беатриз Хернандез се појави на суд во градот Суидад Делгадо каде сега како возрасна и се суди за убиство.
„Ви реков дека сум невина. Сакам да продолжам да студирам. Барам од обвинителството да го земе предвид тоа“, рече Хернандезво судницата.
Таа претходно на суд изјави дека не се чувствува виновна и воопшто не знаела дека е бремена кога се случил спонтаниот абортус: „Ако знаев дека сум бремена, горда и радосна ќе го родав тоа дете“.
Хернандез и нејзиниот адвокатски тим тврдат дека бременоста е резултат на силување.
Во април 2016 година, Хернандез завршила во брза помош во нејзиниот роден град Ел Кармен, на 40 км од главниот град Ел Салвадор, откако нејзината мајка и сосед ја нашле како лежи во бањата облеана со крв.
Тогаш и било дијагностициран хиповолемичен шок и откриено е дека имала спонтан абортус , што лекарите го пријавиле до надлежните. Пет часа подоцна, полицијата пристигна во куќата на Хернандез и во септичка јама го нашле мртвото новороденче.
Една година подоцна, Хернандез беше осудена на 30 години затвор за убиство на своето дете и намерно предизвикување абортус.
Сега таа се надева , по 33 месеци отслужена затворска казна , дека Врховниот суд ќе реши да има поврторно судење , зашто адвокатите доставиле докази дека таа не е виновна за абортусот и дека бебето се родило предвреме поради проблеми со виталните органи.
Абортусот е нелегален во Ел Салвадор, дури и во случај на силување и кога е загрозен животот на мајката. Во зависност од тежината на обвинението, жените во Салвадор , обвинети за абортус можат да бидат осудени на казна затвор од две до 50 години.