Тоа, како што оценуваат од „Илинден", се бара бидејќи новата територијална поделба, која почна да функцонира пред пет години, се покажа како нефункционала, неуспешна и несоодветна и со никакви можности за напредок.
-Се потврди она за што ние апелиравме убедени дека териториалната поделба во Албанија што се направи во 2014 година нема да донесе просперитет за Голо Брдо и Гора. Изминаа пет години, а состојбата во двете области не што не е подобрена, туку е влошена. Спојувањето на општините не ги подобри условите на Македонците во областите Голо Брдо и Гора, туку го отежнаа животот на жителите. Тие само за еден извод или било каква потврда треба да патуваат два часа, а да не говориме за други катадневни неоходности, оценува друштвото.
Поради тоа, се бара од Владата на Република Албанија и министерот за локална самоуправа да форимираат две посебни општини и тоа општина Голо Брдо и општина Гора.
-Македонците од областите Голо Брдо и Гора, друштвото „Илинден", другите нивни асоциации, како и партијата МАЕИ пред донесувањето на Законот за територијлна поделба предупредија дека спојувањето на општините претставува чекор назад во почитувањето на малцинските права во областите Голо Брдо и Гора, стои во соопштението, потпшано од Никола Ѓурѓај, претседател на друштвото и Или Халилај, претседател на огранокот за Голо Брдо.
Поткрепено со аргументи пред пет години се бараше областа Голо Брдо со 22 и Гора со 11 населени места да се формираат како општини, но предлогот не беше прифатен, па дел од селата на Голо Брдо припадна кон општина Булќиза, а дел кон Елбасан, додека селата од Гора кон Кукс.
До тогаш во Голо Брдо функцонираа три општински локални единици,Требишта, Острени и Стеблево, со над 13.000 жители. Во Гора фунцонираа две општини Шиштавец и Запот, со над 10.000 жители. /МИА