Манастирот Свето Преображение очекува над три илјади верници

Високо над Крушево под вршник во манастирот Свето Преобаражение верници и поддржувачи на Тоше Проески на големо вршат подготовки за големиот христијански празник Свето Преображение. Official facebook: https://www.facebook.com/Kanal5Televizija/ Web: http://kanal5.mk/ Copyright: OnAir Media Group

Мицкоски: Колку е поголем бројот на тие кои што гласаат толку промените ќе бидат посилни

Добар ден на сите, благодарам на интересот. Денеска е посебен ден, денеска е убав ден, сончев ден, ден кога треба граѓаните да излезат и да гласаат. Ден кога сета сила е во рацете на граѓаните.

Оние малкумина 100-тина души кои што изминатиот период одлучуваа за судбината на граѓаните сега се безгласна буква.

Денеска граѓаните се тие кои што одлучуваат за иднината на своите семејства, иднината на Македонија, иднината на своите деца.

И затоа мојата порака денеска од овде е да се излезе, да се гласа, секој да одвои десетина минути од своето време. Бидејќи на тој начин одлучува за иднината на своите деца, своето семејство и иднината на Македонија.

Колку е поголем бројот на тие кои што гласаат толку промените ќе бидат посилни.

Затоа уште еднашка повикувам на масовна излезност и ги повикувам граѓаните да излезат и да гласаат и заеднички да ја определиме траекторијата по која што Македонија ќе се движи во иднина, рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ при гласањето.

Фото: Прва објава на Кејт Мидлтон на Инстаграм по дијагнозата

Принцот Луис го слави својот шести роденден, а по тој повод неговиот портрет е објавен на официјалниот Инстаграм профил на принцезата и принцот од Велс.

Портретот го направи принцезата од Велс Кејт Мидлтон, а тоа е нејзина прва објава откако објави дека и е дијагностициран рак. „Среќен 6-ти роденден на принцот Луис! Ви благодариме за сите убави желби“, гласеше натписот.

Да потсетиме, за Денот на мајката, Кејт Мидлтон објави заедничка фотографија со своите деца, принцовите Џорџ и Луис и принцезата Шарлот, а фотографијата крена голема прашина поради многуте монтирани детали. Откако светските медиумски агенции ја повлекоа фотографијата, таа призна дека фотографијата е фотошопирана и се извини за хаосот што го направила. Не долго потоа, Кејт ја објави веста за дијагнозата.

Инаку, Кејт во претходните интервјуа откри дека родендените на своите деца ги слави точно на полноќ и дека секогаш им подготвува торта, а многумина се прашуваат дали оваа година ќе успее да ја задржи традицијата.

Извор: Индекс.хр

притисни ентер