Зоран Кичеец три часа на распит во Обвинителството

Пред утрешното сведеочење на Катица Јанева, денес на распит во Обвинителството беа пензионерката Лилјана Тодоровска која е потписничка на проектот за Европски центар за Меѓународниот сојуз на Боки13 и веќе притворениот Зоран Кичеец.

Без многу детали речиси три часа траеше распитот на второосомничениот во случајот „Рекет“, Зоран Милески – Кичеец во Обвинитеството за гонење организиран криминал и корупција, кој денеска за прв пат даде исказ за случајот пред обвинителката Вилма Русковска.

Утрово во својство на сведок на распит се појави и пензионерката Лилјана Тодоровска, која во јавноста стана позната како авторка на проектот за социјален центар за возрасни во Битола за што на нејзина сметка легнале 720.000 евра, врз основа на договорот меѓу Меѓународниот сојуз и фирмата Пелистер.

Тодоровска по распитот не сакаше да коментира, само кратко изјави дека „сега е време за тишина“.

Нема информации за содржината на исказите на Кичеец и Тодоровска. Од обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција велат дека во интерес на истрагата не можат да откријат повеќе детали за сведочењата.

-Сите лица кои се сослушуваат во оваа фаза се во својство на сведоци, ни изјавија од обвинителството.

Досега искази за случајот „Рекет“ дадоа обвинителите Лиле Стефанова, Бурим Рустеми и Елизабета Јосифоска, а најголем интерес во јавноста предизвикува сведочењето на специјалната обвинителка Катица Јанева која утре треба да даде исказ пред Русковска. Таа засега има статус на сведок.

Хенри Кавил ќе стане татко

- И јас и Натали сме многу, многу возбудени за тоа!, изјави 40 годишниот Кавил.

Можеби еден од најпосакуваните ергени во Холивуд, Хенри Кавил откри дека го чека своето прво дете со неговата девојка Натали Вискузо. Глумецот ја потврди среќната вест за „Аксес Холивуд“ (Access Hollywood) на премиерата на својот нов филм „Министерството за неџентлменско војување“ (The Ministry of Ungentlemanly Warfare).

- И јас и Натали сме многу, многу возбудени за тоа!, изјави 40 годишниот Кавил.

Кавил и Вискузо се во врска речиси три години. Во јавноста, првпат се појавијја на црвениот тепих на премиерата на „Енола Холмс 2“ во 2022 година. Натали работи како директорка на холивудската телевизија.

„Гответе со Дракче“ - Алва со ориз

Во понеделник (15.04.2024) во емисијата гостин ни беше Дамјан Стојаноски

Состојки за денешниот рецепт:

- 200 гр. гриз

- 100 мл. масло за јадење

- З крем - бананчиња

- 200 гр. шеќер

- 200 мл. вода

- 1 рендано чоколадо или цимет

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

ВМРО-ДПМНЕ: Во ЕУ не се оди со политичари како Пендаровски

Во ЕУ не се оди со политичари како Пендаровски, кој не се извини за говорот на омраза кон Силјановска.

Пендаровски не се извини за говорот на омраза кон професорката Силјановска, со тоа поттикнува таквото однесување да продолжи.

Во ЕУ не се оди со политичари како Пендаровски. Во ЕУ се почитуваат основните човекови права и се унапредуваат, а жените се рамноправни и не се предмет на исмевање како на митинзите на СДС.

Пендаровски е демократ само на хартија. Во реалноста е политичар кој за главна алатка го има говорот на омраза.

Пендаровски со самиот факт што не сакаше да се извини кон професорката Силјановска дава сигнал кон своите активисти да продолжат да ја навредуваат и омаловажуваат на полова и старосна основа.

Пендаровски со ова свое однесување само уште еднаш покажа зошто Македонија изминативе години со него и СДС стагнираше на секое поле од владеење на правото до економија.

Време е народот да си ја врати државата. Време е Македонија повторно да биде горда.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

притисни ентер