Фото: Ким Кардашијан претерала со фотошопот, шест прсти на ногата!??

Популарниот ангел на „Викторија Сикретс“, убавата манекенка Кајли Џенер ја лансирала својата прва линија на парфеми.

Во промоцијата на парфемот на Кајли бил вклучена и нејзината полусестра, најпознатата американска старлета Ким Кардашијан.

Кајли својот парфем го нуди во три варијанти.

„На Кајли омилен и е парфемот во шишенце со боја на кожата, мизлам дека мојот омилен е розовиот! Таа секогаш ги користи мојте парфеми, поради што сега оваа соработка е посебна бидејќи знам колку таа ужива во целиот овој процес .Пронаоѓањето на нејзиниот совршен мирис одеше тешко, по што моравме да одбереме три омилени, напиша Ким Кардашијан.

Ким на социјалните мрежи објави и фотка на која се таа и Кајли во пастелни трикоа и пластични сандали. Но, на фотографијата која сигурно добро била „обработена“ во фотошоп Ким има шест прсти на едната нога.

Но, сестрите не се многу загрижени за овој кикс, тие само ги бројат лајковите, не и прстите на нозете.

Украинците со дронови нападнале енергетски објекти кај рускиот град Смоленск

Според извештаи на руските власти и медиуми , Украина ноќеска употребила беспилотни летала за да нападне енергетски објекти во регионот Смоленск, на 400 километри западно од Москва, јави ДПА.

-Нашиот регион повторно беше цел на напад со украински дронови, изјави рано утринава гувернерот на Смоленск, Василиј Анохин, пренесен од руските медиуми.

Градоначалникот Анохин појасни дека била употребена руската противвоздушна одбрана, додавајќи дека нападот врз енергетските објекти предизвикал пожари.

Овие информациите првично не можеа да бидат проверени од независен извор.

ДПА пренесува дека напад со дрон бил регистриран и во западниот руски град Липецк. Дронот се урнал во индустриската област и во инцидентот нема жртви, пренесуваат руските медиуми, повикувајќи се на гувернерот на регионот.

Русија, која веќе над две години води војна против соседот Украина, се повеќе е на удар на украинските дронови, особено во пограничните области. Меѓутоа, штетите и бројот на жртвите се несразмерно помали во однос на масакрот во Украина, појаснува германската агенција. /МИА

Блинкен во посета на Кина

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска пристигнува во Шангај во време кога односите меѓу САД и Кина се на постабилна основа, но со низа нерешени прашања кои ја загрозуваат стабилноста на односите на глобалните ривали.

Блинкен ќе се сретне со бизнисмени пред да замине за Пекинг во петок на разговори со министерот за надворешни работи Ванг Ји и можна средба со претседателот Си Џинпинг.

Блинкен ќе побара од Кина да престане со опремување и снабдување на руската воена индустриска база.

Висок функционер на Стејт департментот на брифинг со новинари во петокот рече дека Вашингтон е подготвен да „преземе чекори“ против кинеските компании за кои верува дека им штетат на американската и европската безбедност. Тој не кажа други детали.

Посетата доаѓа откако американскиот Конгрес викендов го усвои законот кој вклучува ново финансирање за Тајван и помалку од еден месец пред островот да го инаугурира новиот претседател Лаи Чинг-те, кој како и неговиот претходник го отфрли правото кое Кина го полага врз островот.

Висок функционер на Стејт департментот рече дека страните треба „да избегнуваат преземање провокативни дејствија кои би можеле да ги подигнат тензиите и да покажат воздржаност“ пред инаугурацијата.

Напорите да се принуди кинеската ByteDance да ја продаде апликацијата TikTok или да се соочи со забрана од САД, исто така добиваат на сила во Конгресот, што е знак за зголемената подготвеност на Вашингтон да се соочи со Пекинг за економски прашања.

Блинкен се очекува да покрене и прашања за човекови права, вклучувајќи го и третманот на Кина кон муслиманите во западниот регион Синџијанг. /МИА

Во Струга и Вевчани навреме отворени сите избирачки места

Сите 101 избирачко место за првиот круг од претседателските избори во општина Струга утрово беа отворени во 7 часот, потврди за МИА претседателот на Општинската изборна комисија Минир Жута.

- Гласањето почна навреме и во трите избирачки места во општина Вевчани, информира претседателката Менка Кукоска.

Гласањето, според претседателите на изборните комисии, во двете општини се одвива непречено, без никакви проблеми.

Во општина Струга во единствениот избирачки список регистрирани се 60.894 гласачи, од кои 132 болни и изнемоштени вчера го оствариле своето гласачко право, додека во Вевчани има 2.072 регистрирани гласачи, а четворица болни и изнемоштени гласале вчера. /МИА

притисни ентер