Штефан Хартунг од „Бош“, најголемиот произведувач на авто- делови, истакнува дека 75% од моторите до 2030. ќе бидат на бензин и дизел.
„Тоа ќе бидат многу чисти бензински и дизел мотори, мораме напорно да работиме за да ги исполниме еколошките норми“, вели Хартунг. „Постојат две страни на медалот, од една страна индустријата мора да му служи на пазарот, а од друга страна мора да развива и нови технологии заради новите потреби“, додава тој.
Хартунг е уверен дека 20% од сите електрични автомобили ќе бидат снабдувани со енергија произведена од гориво.