Презентирана програмата за штипската „Пастрамајлијада"

 Штипската „Пастрамајлијада", што по 13 пат ќе се одржи во организација на Општина Штип годинава ќе се одржи од 20 до 22 септември, објави на денешната прес-конференција Кирил Панајотов советник во Општина Штип.

Истакна дека годинава на сцената ќе доминираат македонските пејачи и групи. На 20 септември ќе настапат групите Кентаур, Аре брадерс бенд, Агушеви и Нокаут и Игор Џамбазов. Додека во сабота ѕвезда на вечерта е српската пејачка Цеца, а пред неа ќе настапат Мартинијан Кириловски и Антониа Гиговска, а во недела публиката ќе ги забувавуваат „Но енд", Викторија Лоба, Тропико бенд и Данијела Мартиновиќ.

Панајотов потенцира дека настапите на музичките артисти и оваа година ги финансираат спонзорите, а генерален спонзор и оваа година е „Скопско". Општина Штип од сопствениот буџет, како и лани за оваа манифестација има предвидено околу 2.500.000 денари. Средства кои ќе се потрошат печатење на материјали, поставување на бина, струја и храна за изведувачите.

– Цената на штипската пастрамајлија се уште не е утврдена, тоа ќе се направи заедно со угостителите. Очекуваме и оваа година да имаме над 30 штандови, на коишто ќе се продава нашиот брендиран специјалитет, вели Панајотов.

Тој забележа дека во организација на манифестацијата ќе бидат вклучени локалните институции, со цел да се обезбеди простор за паркинг, но и да се регулира сообраќајот. 

Почна судењето на Трамп: Обвинителите бараат документи од Белата куќа

Започна судењето во американскиот Сенат во врска со отповикнувањето на американскиот претседател Доналд Трамп, што е трет случај во историјата на САД.

Сто сенатори се најдоа на седиштето на Конгресот во Вашингтон, со кое претседаваше шефот на Врховниот суд Џон Робертс. Но, пред дебатата околу обвинувањата за злоупотреба на власта и опструирање на Конгресот, изгласани во декември во Долниот дом на Конгресот, дебатираше за правилата на играта.

Првата заложба на Сенатот, предводена од републиканците, е да се даде изјава за временската рамка на целиот процес - предложена од Мич МекКонел, републикански лидер со мнозинство во Сенатот.

Според резолуцијата предложена од Меконел, претставниците на демократите кои се обвинители, како и правниот тим на претседателот Доналд Трамп во процесот на отповикување, имаат дваесет и четири часа секој во наредните два дена да го претстават својот случај.

Меконел подоцна ги олесни временските ограничувања, бидејќи покрај демократите, реагираа и некои републикански сенатори. Тој, сепак, не крие дека сака брзо, идеално, во рок од две недели ослободување од обвиненијата за Трамп.

Адам Шиф, демократот задолжен за обвинението, рече дека републиканците организираат лажен процес во Сенатот, додека републиканците велат дека демократите спровеле засилена истрага во Претставничкиот дом.

Во моментот на почетокот на дебатата за отповикување во Сенатот, американскиот претседател е на Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија.

Страшно: Скопско Лисиче повторно „лидер“ по загадувањето во регионов

Додека пратениците размислуваат дали ќе го изгласаат предлогот на Маја Морачанин за тотална забрана на увоз на отпад за согорување, ние полека но сигурно си „умираме“.

Швајцарскo-американската компанија IQAir / AirVisual, која сигурно и таа „користи“ уреди набавени преку „Али Експрес“, и која постојано мониторира преку 10.000 градови ширум светот, и вечерва не издигна на најсрамниот трон во регионот.

Воздухот во скопската населба Лисиче , според нивниот индикатор, е крајно нездрав и изнесува преку 180 AQI единици, и е лидер во Балканскиот регион.

Ќе почнат ли одговорните во државата и градот да побараат можеби некои алтернативни решенија за овој здравствен проблем? Ќе даде ли некое решение можеби опозицијата или само ќе се чека на решение од надлеѓните институции?
Бадилаја ќе биде секој Закон кој сега ви е камен на сопнување на сите партии, затоа што додека ги договорите и изгласате, половина популација ќе замине од Македонија, а другата половина...знаете сигурно што би можело да се случи со нив.

Господо политичари од власта, опозицијата - QUO VADIS???