Надал се расплака по победата на УС Опен (ВИДЕО)

Рафаел Надал низ солзи го освои својот 19. Гренд Слем трофеј во кариерата.

Ноќеска во Њујорк Рафаел Надал го победи Данило Медведев во пет сетови. Со вчерашната победа , само еден Гренд Слем го дели од рекордот на Федерер , кој има 20.

Додека на официјалниот семафор ги гледаше резултатите , Надал едноставно ,,се скрши” . Почна да плаче од радост и возбуда како мало дете и го покри лицето.

Во седиштето на ДУИ се слави

Пред седиштето на ДУИ во Мала Речица веќе се слави.

Претходно на прес конференција беше кажано дека денот на изборите поминал во фер и демократска атмосфера и велат дека очекуваат гоплема победа на нивниот кандидат Бујар Османи.

Тинејџерка во училиште во Британија со нож нападнала двајца наставници и девојче

Тинејџерка е уапсена откако на училиште со нож нападнала двајца наставници и ученичка, соопшти британската полиција.

Инцидентот се случил околу 11.20 часот.

„Токму по 11.20 часот утринава добивме повик да за инцидент во училиштето Аман Вали во Кармартеншир. Службите за итни случаи веднаш пристигнаа и училиштето беше затворено заради безбедноста на сите во просториите. Три лица, две учителки и една тинејџерка, беа пренесени во болница. Тинејџерката е уапсена поради сомнение за обид за убиство и во моментов е во притвор.

Додадоа и дека соработуваат со училиштето и даваат поддршка на секој што има потреба.

Апелираа и да се отстрани видеото од нападот од социјалните мрежи.

Истрагата е во тек, а мотивите за нападот се уште не се познати.

притисни ентер