ФЗОМ: Од октомври подигање на лекови само со рецепт и лична карта/пасош

Осигурените лица од 1 октомври годинава ќе можат да ги подигнуваат лековите во аптека само врз основа на рецепт и документ за лична идентификација, односно лична карта или пасош, соопштија денеска од Фондот за здравствено осигурување на Македонија.

До тој период, како што информираат од ФЗОМ, на сила се постоечките позитивни прописи со кои пропишување на лекот кај избраниот лекар како и постапката при издавање на лекот во аптеката се врши со здравствена легитимација заедно со личен идентификациски документ на осигуреното лице при користење на здравствени услуги на товар на Фондот.

– Фондот како купувач на здравствени услуги е конструктивен и отворен за соработка со сите чинители во здравствениот систем и работи на имплементација на соодветно електронско решение со кое ќе се олесни администативното работење на здравствените установи при пропишување и издавање на лекови на рецепт, во интерес на поефикасна и подостапна здравствена услуга на осигурените лица, се наведува во соопштението на ФЗОМ. /МИА

Татјана не се откажува!!Сака на екс сопругот милијардер да му земе 526 милиони евра!!

Во тек е бурна и прескапа бракоразводна парница на милијардер и неговата екс сопруга.

Милијардерот Фархад Ахмедов и Татјана Ахмедова никако да се договорат околу поделбата на огромниот имот. Поточно, Татјана не се откажува од битката за своите заслужени пари.

Фархад чие богатство е проценето на 1,4 милијарди долари , според одлуката на судот од 2016 година би требало на сопругата Татјана да и исплати 41,5 проценти од богатството, односно 526 мил. евра.

Но, Татјана за три години добила само 5,8 милиони евра и тоа со жестоко спротивставување на екс сопругот.

Екс сопругата сепак не се откажува од намерата „да го добие тоа што и припаѓа’, па со тим од адвокати успеала да „го замрзне имотот на поранешниот сопруг“ . Според следните судски чекори на нејзино име би требало да биде препишана и јахтата на Фархад Ахмедов вредна 401 милијарда евра, која досега не била влезена во бракоразводната пресметка меѓу екс сопружниците.

Следното рочиште е закажано за почетокот на ноември во судот во Лондон.

Оваа бракоразводна парница е една од најголемите и најскапите во историјата на судството на Англија, чии граѓани се Фархад и Татјана од 2000 година.

Татјана за време на бракот со Фархад „била домаќинка и се грижела за воспитувањето на синот единец“.  

Засадени 150 дрвца долж „Милениумската патека" на Сува Гора

Околу 150 дрвца се засададени долж „Милениумска патека" планинарско-рекреативна акција која се спроведе вчера на падините на Сува Гора. 

Во организација на планинарскиот клуб Јелак од Тетово, Македонската Православна Црква и Комисијата за односи со верски заедници и религиозни групи 105 учесници ја поминаа патеката долга девет километри и учествуваа во акцијата.

-Планинарско-рекреативната акција започна од тетовското село Блаце и заврши во селото Волковија. Дрвцата се засадија на две локации кај црквата Света Екатерина во Стенче и во близина на месноста Чука кај Волковија. Имаше голем број млади и деца, со оглед дека станува збор за лесна патека за пешачење, информираа од ПК Јелак.

Оваа акција се организира по втор пат, а поводот е одбележување на 1000 години од Охридската Архиепископија. Поздравно слово во црквата Света Мина во Волковја каде заврши пешачењето одржи митрополитот тетовско-гостиварски г. Јосиф.

-Патот на нашата Црква бил како оваа патека. Полн со восочини, но и со падови. Пред нас го поминале нашите предци, нашиот народ и свештенството, па страниците на нашата историја се исполнети со богати содржини, како што оваа патека е исполнета со нашето милениумско и постаро црковно и културно наследство: бројните археолошки локалитети, ранохристијанските храмови, поновите цркви и манастири, истакна владиката Јосиф.

Учесниците на Милениумската патеката, ги поминаа православните цркви „Пресвета Троица" и „Света Петка" во Блаце, ранохристијанската базилика во областа Граиште, „Свети пророк Илија", и новоизградената црква „Света Екатерина" во Стенче. Во Волковија се поминаа „Свети Атанасиј",„Свети Георгиј" при некогашниот Волковски манастир и „Свети Мина"./МИА

притисни ентер