Њујорк Тајмс: Новак е тешко повреден , можеби ќе му треба операција

Најдобриот тенисер на светот , Новак Ѓоковиќ го предаде мешот против Вавринка и така го заврши настапот на УС Опен.

Незадоволните српски навивачи тогаш го испратија со свиркање , но состојбата не е толку едноставна. Според новинарот на Њујорк Тајмс, Кристофер Клари, Новак има нова тешка повреда.

„Ноле може да биде надвор од терените долго време, особено ако мора да се подложи на операција или ако неговата повреда бара одмор“, пренесува Клери.

Ѓоковиќ во моментов е во Швајцарија каде го лекува повредено рамо на една клиника, а операцијата може да биде неизбежна, тврди американскиот новинар.

По УС Опен, Новак најави враќањето во Србија, каде ќе се опорави од повредата и ќе се подготвува за турнирот во Токио.

Меси е најдобриот фудбалер на светот

Меѓународната фудбалска федерација го прогласи Лионел Меси за најдобар играч на светот во сезоната 2018/19 .

Фудбалерот на Барселона и на репрезентацијата на Аргентина ја доби наградата за најдобар  играч на гала вечерта во миланскиот  Театро ала Скала, , со што го наследи Лука Модриќ како најдобар играч на светот.

Меси ги освои гласовите на националните селектори ,капетани и новинари ширум светот.

Тој триумфираше пред Виргил ван Дијк и Кристијано Роналдо. Португалецот дури и не присуствуваше на церемонијата на доделување награди.

ФИФА ја доделува оваа награда заснована на перформансите на играчите во натпреварувачката сезона која е зад нас (2018/2019), а не во календарската година како што беше порано.

Потсетуваме дека наградите за Светски фудбалер на годината на ФИФА до сега ги добиле Лотар Матјус (1991), Марко ван Бастен (1992), Роберто Баџо (1993), Ромарио (1994), Џорџ Веј (1995), Роналдо (1996, 1997 и 2002), Зинедин Зидан (1998, 2000 и 2003), Ривалдо (1999), Луис Фиго (2001), Роналдињо (2004 и 2005), Фабио Канаваро (2006) .), Кака (2007), Кристијано Роналдо (2008, 2013, 2014, 2016 и 2017), Лионел Меси (2009, 2010, 2011, 2012 и 2015) и Лука Модриќ ( 2018).

Алисон (Ливерпул / Бразил) беше прогласен за најдобар голман, а Јирген Клоп (Ливерпул) стана најдобриот тренер на светот.

Во најдобрата екипа се Алисон (Ливерпул / Бразил), Марсело (Реал Мадрид / Бразил), Серхио Рамос (Реал Мадрид / Шпанија), Виргил ван Дијк (Ливерпул / Холандија), Матијс де Лигт (Ајакс, Јувентус / Холандија), Лука Модриќ (Реал Мадрид / Хрватска), Френки де Јонг (Ајакс, Барселона / Холандија), Еден Хазард (Челси, Реал Мадрид / Белгија), Кристијано Роналдо (Јувентус / Португалија), Килијан Мбапе (ПСЖ / Франција) и Лионел Меси (Барселона / Аргентина).

Фудбалерот на Дебрецен, Даниел Шори ја доби наградата за најдобар шут во сезоната.

Наградата за фер-плеј му припадна на менаџерот на Лидс, Марсело Биелс, кој му нареди на неговиот тим да му прости гол на Астон Вила, бидејќи неговите играчи поведоа,  додека еден од нивните противници лежеше на тревата. Лидс не влезе во Премиер лигата заради тој примен гол.

Што се однесува до добитниците на женски фудбал, најдобар играч е Алекс Морган (Орландо Прајдс / САД), а најдобар тренер е Џил Елис (САД).

На Русија и се заканува забрана за настап на Олимпијадата во Токио

Меѓународната антидопинг агенција (WADA), ja предупреди руската антидопинг агенција (РУСАДА) дека податоците за последните неколку години не се потполни , па затоа на Русија може да и биде забрането учество на Олимпијадата во Токио следната годинa.

WADA отвори жалбена постапка за РУСАДА , така што би можела повторно да ја проглазси за некомпетентна за спроведување антидопинг тестови , со што дополнително го зголемува притисокот кон Меѓународниот олимписки комитет да не им дозволи на руските спортисти да учествуваат на Олимпијадата 2020.

Поради сомнитевања за  организирана употреба на допинг, Русија ќе го пропушти второто по ред Светско првенство во атлетика кое започнува во петок во Доха, а на руските спортисти им беше забрането да се појавуваат под нивното знаме на минатогодишните Зимски олимписки игри во Пјонгјанг.

„WADA и даде на руската агенција три недели за да ги објасни наводните измени во податоците од московската лабораторија“, рече претседателот на Апелациониот одбор на WADA, Џонатан Тејлор.

Француската репрезентација под истрага – дали пред финалето на Мундијалот во 2018 се допингувале со гуми за џвакање?

Светската антидопинг агенција (WADA)  ја истражува екипата на ПСЖ , како и француската фудбалска репрезентација која во 2018 го освои Светското првенство во Русија со победата над Хрватска од 4:2.

Истражителите се сомневаат дека репрезентативците на Франција во финалето користеле сомнителни стимуланси , кои се на граница на недозволени средства. Тие забележале дека игражите на париски ПСЖ пред натпревар кортистат сомнителни гуми за џвакање , кое порано ги патентирала американската армија , а последните години се во слободна продажба.

Станува збор за гуми за џвакање без шеќер, збогатени со витамин Б и содржат 50 милиграми кофеин. Фудбалерите ги консумираат петнаесет минути пред почетокот на натпреварот затоа што е идеално време да се апсорбираат стимулансите кои го активираат нервниот систем и го намалуваат заморот.

Предноста на овие гуми за џвакање е што кофеинот од нив почнува да дејствува во организмот во рок од пет минути, додека откако ќе се конзумира во енергетски пијалоци или кафе, потребни се и половина час за да започне да дејствува.

Познато е дека репрезентацијата во финалето на Светското првенство имала 120 пакетчиња од ваквите гуми за џвакање , а дека Французите ги користеле и во 2016 на Eвропското првенство.

притисни ентер