Хуманитарна акција на амбасадата на САД и Црвениот крст на Град Скопје

Преку оваа акција на служење на заедницата, донаторите ќе му помогнат на Црвениот крст да ги надополни резервите од крв и да обезбеди храна за загрозените семејства за претстојната зима.

Амбасадата на САД во земјава, во соработка со Црвениот крст на град Скопје и со Институтот за трансфузиона медицина денеска организира крводарителна акција и акција за собирање на прехранбени продукти, за да го одбележи Американскиот Национален ден на служба и сеќавање.  

–Лицата заинтересирани да даруваат крв и конзервирана храна ќе можат да го сторат тоа во Амбасадата на САД од 9:00 – 16:00 часот.  Амбасадорот Кејт Брнз ќе им се обрати на присутните во 11:00 часот, заедно со генералниот секретар на Црвениот крст, Саит Саити, и претставничката на Институтот за трансфузиона медицина, др. Рада Грубович, соопштија од Амбасадата.

Преку оваа акција на служење на заедницата, донаторите ќе му помогнат на Црвениот крст да ги надополни резервите од крв и да обезбеди храна за загрозените семејства за претстојната зима.

Одбележувањето на Националниот ден на служба и сеќавање почна во 2002 година, во чест на жртвите, преживеаните и сите оние кои помогнаа во справувањето со последиците од нападите на 11 септември. Во 2009, Конгресот на САД усвои сојузен закон со што го прогласи 11 септември за Национален ден на служба и сеќавање. /МИА

Плејбој објави нова фотографија од најпознатата зајачица

Службениот Инстаграм профил на Плејбој е вистински рај за очите на сите осум милиони луѓе кои го следат.

Екипата од најпознатиот машки магазин на светот секојдневно објавува стари фотографии од убавиците кои се фотографирале за овој магазин. Таму може да се видат некои од најубавите жени од шеесеттите па се до денес. Но, најмногу внимание привлече најпознатата Плејбој зајачица Памела Андерсон со фотографија на која таа е потполно гола.

Лепа Брена и Боба слават 28 години брак

Лепа Брена, една од најпопуларните пејачки на Балканот, слави 28 годи брак со Боба Живоиновиќ.

Пеачката открива дена ниту оваа година нема да има гламурозна прослава.

-Ние тоа го прославуваме многу лесно и едноставно. Сакам сите деца да се со нас, со нивните девојки и сопруги. Отвораме шише шампајн, седиме и се дружиме. Без многу гламур, објаснува Брена.

Балканската дива појаснува и дека цел декември во нејзиниот дом владее празнична атмосфера.

-Декември е месев во кој навистина имаме многу обврски. Особено оние обврски кои луѓето не ги гледаат а тоа е да имате некаква комуникација со своето семејство. Затоа што на нашите деца им се потребни мајките во декември. Моите деца пораснаа па тие мене многу повеќе ми помагаат отколку јас на нив, Многу сум среќна оваа година, затоа што јас и Боба славиме 28 години брак. Славиме годишнина, изјавила Брена.

Популарната пејачка на својот Инстаграм профил објави и снимка од венчавката.

-И така ние 28 години. Не е ништо страшно. Среќна жена. Јас немам друг дом, напиша Брена.

Видео: Што се случува доколку пробате да фотокопирате банкнота од 50 евра

Еден јутјубер направил експеримент за да види што се случува доколку се обиде да фотокопира банкнота во обична фотокопир машина.

Тој користел банкнота од 50 евра, а резултатите се изненадувачки.

По првиот обид за копирање, копијата од банкнотата по себе имала бели линии по цела должина, Тогаш тој одлучил да проба да додаде уште еден предмет за копирање за да види што ќе се случи.

Во третиот обид тој прекрива дел од банкнотата со бела трака и конечно успева да го измами скенерот , но е очигледно дека дел од банкнотата е прекриен.

притисни ентер