Нема договор за Законот за Јавно обвинителство

Седум часа, траеше лидерската средба во Собранието на Македонија на која учествуваа премиерот  Заев, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски заедно со  преговарачките тимови.

Договор не е постигнат, за клучните разлики помеѓу власта и опозицијата во однос на законот за ЈО како и за иднината на СЈО .

-Договор за нов закон за обвинителство можеби и ќе се постигнеше доколку премиерот Заев не беше толку нервозен во врска со предметот „Рекет“, што не може да прифати ниедно системско решение за висока корупција во кое друг професионален обвинител би имал увид во овој мега-скандал, освен владино-подобната обвинителка Вилма Рускоска,напиша утрово пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски на својот профил  на фејсбук по маратонската лидерска средба.

СДСМ излегоа со соопштение:

Додека сите граѓани очекуваа договор во интерес на правната држава, Христијан Мицкоски на вчерашната лидерска средба безобразно и во груевистички стил го бранеше криминалот на режимот барајќи сите предмети од сјо да ја изгубат својата иднина, соопштија од  СДСМ.

ВМРО-ДПМНЕ: Како се ближи крајот на оваа Влада, така во Собранието се штанцаат закони и се носат неквалитетни решенија

Како се ближи крајот на оваа Влада, така во Собранието на Република Македонија се штанцаат закони и се носат крајно неквалитетни решенија од страна на парламентарното мнозинство.

Денес на Комисијата за транспорт, врски и екологија мнозинството предводено од СДСМ гласаше против барањето на ВМРО-ДПМНЕ да се одржи јавна расправа за измените и дополнувањата на Законот за градежно земјиште.

Имено, се работи за закон кој што има 145 члена, а парламентарното мнозинство предводено од СДСМ сака со злоупотребата на скратената постапка без дебата да направи измени во дури 75 члена од законот што е крајно несериозно и пред се далеку од транспарентно.

Сметаме дека јавната расправа која што ја бараме е повеќе од неопходна со оглед дека се работи за многу сериозен закон и јавната расправа треба да допринесе да се слушне гласот на јавноста и на стручната фела бидејќи се менуваат повеќе од половина членови од Законот за градежно земјиште.

Предложените измени се однесуваат на целосно и секаде со предлог законот бришење на ингеренциите односно иземање од одговорност на Министерството за транспорт и врски и министерот Горан Сугарески како орган на државната управа надлежен за вршење на работите кои се однесуваат на управувањето со градежно земјиште сопственост на Република Македонија и истите се префрлаат односно се наметнуваат на единиците за локална самоуправа.

Се прават измени во начинот на водење на постапките, се предвидува општините по сила на закон да преземаат надлежности без предходно истите да бидат исконсултирани.

Суштински не се менува ништо што ќе придонесе за подобрување на животната средина и екологијата.

Се прават измени во однос на постапките за одтуѓување на земјиште по пат на јавно наддавање.

Се брише постапката за прибавување на документи по службена должност во случај на поднесено барање од странка што е спротивно на Законот за општа управна постапка.

Се намалуваат глобите за администрацијата, градиначалниците и министерот со што се остава простор за постапување спротивно на закон.

Овие и многу други измени се само дел од измените на вкупно 75 члена од Законот за градежно земјишти кои што мора да бидат отворени на една јавна расправа со цел да се носат квалитетни решенија поддржани и во корист на граѓаните.

Уште еднаш ги повикуваме пратениците од СДСМ да не беагаат од дебата и заедно да организираме јавна расправа за овој закон на која што ќе се направи една квалитетна и аргументирана дебата и забелешките од истата ќе бидат имплементирани во законското решение.

Пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ

Сековски: На 80 отсто од лифтовите не се врши редовниот задолжителен годишен преглед

На околу 80 отсто од нив не се врши редовно задолжителниот годишен преглед, а на некои никогаш не е извршен преглед.

И покрај законската обврска за сопствениците или корисниците на лифтовите во станбени згради, за околу 20 отсто од лифтовите нема договор за нивно одржување, на околу 80 отсто од нив не се врши редовно задолжителниот годишен преглед, а на некои никогаш не е извршен преглед, изјави претседателпт на Македонското здружение за лифтови, Горан Сековски.

На одбележувањето пет години постоење на МЗЛ, Сековски посочи дека цел на оваа здружение е безбедност за сите – и на тие што работат со лифтовите и на корисниците.

– Во 2015 година бевме коорганизатори на првата Регионална балканска конференција за заштита при работа, во чии рамки тогаш организиравме и една работилница за лифтовите. Редовно организиравме еднодневни семинари на различни теми од областа на лифтовите, подоцна и за специјализирање на инспекциски тела, за монтажа и сервисирање на лифтовите, рече Сековски.

Тој посочи дека во последно време тие како здружение се активирале во регионот, каде направиле неформална мрежа.

– Имаме потпишано меморандум за соработка со бугарското и хрватското здружение за лифтови и како резултат на таа соработка беше организирана и Првата регионална конференција во Охрид со околу 60 учесници. Пред две години до УСАИД аплициравме за ПЕТ програмата, која се состои од два дела. Верифициравме една програма по законот за образование на возрасни за програмата монтер на лифтови – ескалатори, рече Сековски.

На настанот воедно беа доделени сертификати на неколку лица од здруженија за образование на возрасни и сертификати за ознаки на квалитет. /МИА

Алијанса за Албанците: Поднесените 5000 амандмани на ДУИ ги блокираат измените во Изборниот законик

​Неконзистентноста и нестабилноста на ДУИ прави нивните ставови да бидат определени како што дува ветерот за лични интереси, тоа е евидентно дури и во нивните ставови за измените на Изборниот законик.

Поднесените 5000 амандмани не се ништо повеќе од 5000 причини за блокирање на парламентарната расправа за измените на изборниот законик.

Од друга страна, приближувањето на ставовите и ко-доставувањето на амандманите со ВМРО-ДПМНЕ е јасен показател за нивните идни соработки за блокирање на процесите што прават разлика за целокупното добро, но секако на нивна штета!

Алијансата за Албанците стои силно зад нејзиното барање за отворени листи како приоритет за изменување и дополнување на Изборниот законик, а заради потранспарентна одговорност пред гласачите, потребни ни се 8 изборни единици. Што исто така значи и зајакнување на албанскиот глас!

Ние како Алијанса сметаме дека измените во Изборниот законик се неопходни за предвремените парламентарни избори со цел да се зголеми бројот на пратеници кои ќе го претставуваат гласот на Албанците во Собрание, се вели во соопштението.

притисни ентер