Поради пожар,откажано лансирањето на јапонското вселенско летало (ВИДЕО)

Лансирањето на јапонското вселенско летало без екипаж кон Меѓународната вселенска станица утрово беше откажано поради пожар.

Пожарот избувнал во близина на лансирната рампа на космодромот ја југозападниот јапонски остров Танегашима.

Ракетата Х-2Б што го носеше карго-авионот „Конотори8“ требаше да биде лансирана од вселенскиот центар Танегашима во 6:33 по локално време, изјави операторот „Митсубиши Хјун Индустрис“ (МХИ).

Сепак, имало пожар во близина на рампата за лансирање.

„Можеби ќе потрае некое време за да се утврди причината за пожарот и влијанието врз ракетата , па МХИ одлучи да го откаже лансирањето“, се вели во соопштението.

Леталото во вселената требаше да испорача околу 5,3 тони резерви, вклучувајќи вода, храна, облека и опрема за тестирање, соопшти Јапонската агенција за вселенски истражувања.

„Сè уште немаме нов датум за полетување, но тоа нема да се случи во наредните неколку дена“, рече портпаролот на МХИ.

Две жртви во сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани

Тешка сообраќајна несреќа се случи на експресниот пат Штип-Кочани, во близина на ТИР зоната во Штип. Според првичните информации во несреќата животите ги загубиле две лица.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова потврди дека на овој експресен пат има тешка сообраќајна несреќа.

Таа за МИА изјави дека во тек е увидот и обезбедувањето на местото на несреќата од страна на полицијата.

Несреќата се случила околу 14.25 часот, помеѓу две патнички возила.

Саем на книга во Скопје: Само преку книгите, најмладите ќе ги насочиме на правилниот пат

Родителите и училиштето се двете најважни работи кои можат да всадат љубов кај децата за книгите, во време кога тие живеат во светот на интернетот и мобилните технологии. 

Само преку книгите, најмладите ќе ги насочиме на правилниот пат и вистинските вредности.

Ова е заедничкиот став на посетителите, издавачите и авторите на 36. издание на Саемот на книга, кој до 24-ти април се одржува во спортскиот центар Борис Трајковски во Скопје.

А токму најмладите беа едни од најприсутните на саемот. Преку орагнизирани училишни посети, досега над 2.000 ученици ги посетиле овој книжевен настан.

Приказната се чита, е слоганот на овогодинешниот Саем на книга. Организаторите велат дека само на тој начин, децата можат да влезат во светот на книжевноста.

Дека интернет технологијата го одзема вниманието на децата, согласни се дел од авторите и издавачите. Нивната мисија е, додаваат тие, да им ги доближат квалитетните книги на младата популација па и преку електронски форма.

Од популарна присохологија, до македонски и светски познати автори. На Саемот на книга ќе се претстават над 60 издавачи, и ќе има повеќе од 30 промоции на книги, детски работилници, настани и дискусии.

Овој книжевен настан завршува на 24 април, чии врати се затвораат во 20 часот.

Политички профил со кандидатката за претседателка – Гордана Силјановска Давкова

Во централните вести во 18 часот денеска ќе го емитуваме профилот на Гордана Силјановска Давкова.

Во продолжение дел од профилот.

притисни ентер