БЕСА: Неприфатливо е две страни вклучени во судски постапки да преговараат за иднина на државата

За жал, нашата загриженост што ја презентиравме пред јавноста во врска со лидерската средба и проблемите во правниот систем со кои се соочува државата се покажаа точни, реагираат од Движењњето БЕСА..

Сведоци сме на неуспешната средба меѓу претседателите на двете најголеми македонски партии, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Како што веќе рековме, апсолутно е неприфатливо две страни вклучени директно или индиректно во судски постапки или се во истрага од специјалното или јавното обвинителство да преговараат за иднината на ваквите важни институции во државатаа.

Сите наши сознанија се потврдија дека ниту СДСМ ниту ВМРО-ДПМНЕ, како политички претставници на ДУИ, не можат да одлучат да имаат независен и професионален судски систем, бидејќи обете страни заедно со нивниот заеднички именител ДУИ се актери кои сакаат да избегаат од правдата. Не е прифатливо за правдата и за владеењето на правото да преговараат токму оние кои ја избегнуват правдата или се обидуваат да најдат пропусти за да избегаат од гонење за сторените злосторства.

Средбата на лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ не може да биде состанок што ќе го функционализира владеењето на правото и ќе донесе правда во оваа држава, бидејќи за нив примарно е како да ги заштитат своите партиски интереси или корумпираните кадри од обете страни. вклучително и нивниот партнер ДУИ.

Затоа, сега е неопходно да се прифати предлогот на Движењето Беса за Државна комисија составена од експерти каде што ќе учестуваат и САД и ЕУ со одлучувачко право. Задачата на оваа комисија треба да биде професионализирање на јавното обвинителство, судовите и нивното функционирање за да се гарантира воспоставување правда и владеење на правото. Во исто време, оваа Државна комисија мора да го спроведе и процесот на „ВЕТИНГ", процес без кој Северна Македонија никогаш не може да излезе од транзицијата што нè зафати од независноста на земјата до денес.

На крај, апелираме до сите политички партии, без разлика дали тие беа на власт во минатото или оние кои се на власт денес, да не ја држаат под залог европската иднина на граѓаните на Северна Македонија, туку да се одречат од нивните тесни партиски интереси и за прв пат да размислуваат за граѓаните на оваа земја, кои се разочарани од криминалот, корупцијата, недостатокот на правда и еднаквост, и затоа секој ден ја напуштаат државата, се наведува во соопштението на БЕСА. 

Без вода утре дел од жителите на Аеродром

Без вода утре од 8 часот ќе останат корисниците од ниската зона од непарните броеви од бр. 61 до бр. 109 на булеварот „Јане Сандански" во населбата Аеродром.

Како што соопшти РЦУК-Скопје, прекинот е поради промена на затворач на водоводна мрежа со пречник од 100 милиметри на булеварот „Јане Сандански" бр. 107 во Аеродром.

Корисниците ќе бидат без вода се до завршување на интервенцијата. /МИА

Димитров во Њујорк учествуваше на две панел дискусии – за климатски промени и за мултиконцептуален свет

На настанот на високо ниво беа разменети мислења за потребата од координирано делување за ефективно справување со новите еко-предизвици.

„Засилување на европската лидерска улога на глобално ниво во сферата климатските промени и растот на еколошки чистата економија" е темата на панел дискусијата, која се одржа во организација на Светскиот економски форум во Њујорк, а на која учествуваше и шефот на дипломатијата Никола Димитров.

На настанот на високо ниво беа разменети мислења за потребата од координирано делување за ефективно справување со новите еко-предизвици.

Учесниците во дискусијата се осврнаа на новите глобални закани и ризици по (човековата) безбедност и потребата од заедничка европска акција во насока на обезбедување транспортна инфраструктура без штетни емисии, обновлива енергија и иновативни технологии, паралелно со процесите на креирање на нови работни места и европското преминување кон иднина со нула штетни емисии.

 Сесијата ја отвори холандскиот премиер Марк Руте, а во дебатата учествуваа претседатели на држави и влади, министри од земји-членки на ЕУ, како и високи претставници на разни засегнати страни.

 На покана на Светскиот економски форум и истражувачкиот институт Брукингс, министерот Димитров учествуваше на тематскиот настан "Обликување на партнерства за мулти-концептуален свет."

 Состојбата во Иран беше во фокусот на дискусијата, а на настанот присуствуваа група глобални лидери од јавниот и граѓанскиот сектор, истражувачките институти и бизнис заедницата.

Министерот Димитров, кој учествува на Генералната дебата на 74-тата сесија на Генералното собрание на Обединетите нации, на панел-дискусијата. /МИА

Законот за стечајци на владина седница

Владата на Република Македонија денеска ќе одржи редовна седница.

На седницата меѓу другото ќе расправа Предлог-законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизација на претпријатијата во доминантна државна сопственост предложен од Министерството за труд и социјална политика.

Како што соопшти владината прес-служба на денешната седница ќе биде разгледана информација за текот и прогресот на активностите за реализација на проектот „Поддршка на воздухопловна федерација" на предлог на Акционерското друштво во државна сопственост за вршење на дејноста давање услуги во воздухопловната навигација М-НАВ АД Скопје.

На предлог на Канцеларијата на Претседателот на Владата на Република Македонија министрите ќе разгледаат информација за потпишување на Договор меѓу Република Македонија и организаторите на EXPO Dubai 2020.

Министрите ќе ја разгледаат и информацијата за вклучување на училиштата во иницијативата за саморефлексија при користење  дигитална технологија во образовниот процес преку употреба на алатката Selfie која веќе се употребува во 35 земји и е изработена од страна на Заедничкиот истражувачки центар при Европската комисија (Join Research Centre – JRC). /МИА

притисни ентер