Мажена адвокатка во слободното време е проститутка , сопругот ја поддржува (ВИДЕО)

Поранешната стриптизерка , денеска мажена жена и мајка , која работи како адвокаткасо половина работно време , слободните часови ги користи за да се занимава со проституција , а сопругот ја поддржува.

Американката Кетрин Сиарс без проблеми зборува за својата двојна кариера и тврди дека ,,проститутките се едни од најдобрите луѓе што ги познава”. Сопругот со кого заедно работат во адвокатска канцеларија го запознала додека студирала право. Џон вели дека не е загрижен за другиот дел од кариерата на сопругата зашто од почетокот знаел со што се занимава.

Кетрин е ангажирана како адвокат една недела месечно во Ајова, каде што живее, а останатите три недели оди во Невада, единствената држава во Америка каде проституцијата е легална.

„Сакам секс. Сексот е забавен. И можам да заработам добри пари“, признава Кетрин, која во просек заработува околу 70.000  долари месечно.

Кетрин се бори за легализација на проституцијата и смета дека сите жени треба да имаат право да им плаќаат за сексуалните услуги. Исто така, ги брани бесплатно сите клиенти кои имаат проблем со законот заради проституција.

„Поминав две години работејќи како проститутка во легален бордел и неколку години како стриптизерка. Ја сакам таа работа“, заклучи Кетрин.

Видео: Водителка се вклучи живо во програма со змија на вратот!!

Австралиска презентерка е хит на интернет, во живо во програма за вклучила со змија околу вратот.

Водителката на една австралиска телевизија е хит на социјалните мрежи поради видеото  на кое зборува во камера додека на рамо и стои змија која потоа и ја напаѓа.

Русокосата Сара Кот правела прилог за безбедност во случај да се соочите со змија, а продуцентите една змија и ставиле на рамото.

Змијата прво го нападнала микрофонот, Сара на продуцентите им рекла „Ми го гризе микрофонот, што ако ме касне по раката“.

Четири лица починаа од коронавирусот во Италија

Во Италија уште едно лице почина од новиот Коронавирус, со што вкупниот број на починати сега изнесува четири лица.

Како што пренесува италијанската агенција АНСА, станува збор за 84-годишен маж од Ломбардија кој бил хоспитализиран во Бергамо и имал хронични болести.

Викендот во Италија беа одложени и неколку  натпревари од Калчо поради наглото ширење на коронавирусот на северот на земјата.

  Италијанската влада презеде активности за изолирање на 11 населени места, од кои повеќето се во северниот регион на Ломбардија и Венето.

Училиштата и градинките, спортските објекти и продавниците се затворени. Јавниот превоз е запрен. Тие мерки влијаат врз повеќе од 50.000 жители.

Досега во Италија од новиот коронавирус наречен ковид-19 се заразени 165 лица.

Во Северна Кореја околу 380 странци ставени во карантин поради коронавирусот

Северна Кореја стави во карантин околу 380 странци за да ги спречи појава на коронавирусот, пренесуваат државните медиуми.

Претходно, земјата го прекина железничкиот сообраќај кон и од Кина и Русија.

Севернокорејските медиуми не откриваат повеќе детали за странците кои се во карантин, но се претпоставува дека се работи за странски дипломати во Пјонгјанг и оние кои дошле во земјата за некаква работа.

Пјонгјанг засега тврди дека во земјата нема болни од новиот коронавирус, но на почетокот од месецов беше воведен едномесечен карантин, а се спроведуваат посилни мерки за надзор на луѓето кои се разболуваат.

притисни ентер