Децата ја сменија Анџелина Џоли- сака да оди во панк клубови

Холивудската актерка и режисерка Анџелина Џоли за британското списание Hello раскажува како децата , од кои повеќето се тинејџери ја смениле.

Од шесте деца , кои Анџелина ги посвои заедно со Бред Пит , само близнаците Вивиен и Нокс имаат 11 години , додека другите се постари. најстариот Медокс , замина на факултет во Јужна Кореја , а таа вели дека се повеќе сака да се идентификува со тројцата тинејџери Пакс , захари и Шилоу кои имаат 15 , 14 и 13 години.

,,Кога децата се мали, се чувствувате повеќе како „мама“. Кога тие стануваат тинејџери, тогаш почнувате да се сеќавате на вас на таа возраст. Ги гледам како излегуваат во панк клубови и се прашувам зошто не можам да одам со нив. Сега, јас сум во забавна фаза “, рече таа.

Џоли повторно се фокусира на актерството, по неколку обиди за режија, што траело премногу време и ја одвојувало од семејството.

- Во моментов повеќе глумам, бидејќи не можам да бидам со моето семејство онолку колку што би сакала кога режирам. Едноставно, за режија е потребно многу време и треба многу повеќе напор.

Анџелина сака да ги носи децата со себе на снимање. Таа вели дека тие имаат шанса да ја видат сосема поинаквата нејзина страна , пренесува Дејли Меил.

,,Тие одлично се снаоѓаат на снимање. Но, кога ме гледаат како нешто глумам нешто глупаво, за нив е смешно затоа што многу добро ме познаваат ... Тие се навикнати да ме гледаат како мајка во бањарка која не знае да направи добар појадок. Но, интересно е затоа што е различно и секоја снимка ве запознава со нов свет, носи различна култура, различно место…

Лек за слабеење кој ја зголемува плодноста кај жената

Лекот за дијабетес „Оземпик“ (Ozempik), којшто многу жени го користат и за губење килограми, има уште еден „неочекуван ефект“ - бременост, објави „Пипл“ (People).

Дека сè ова не е случајност, се чини, укажува тоа што на интернет сè почесто се појавуваат приказни за жени кои забремениле поради „Оземпик“... Се покажа дека тој лек некако „ги неутрализира“ контрацептивните средства коишто корисничката ги зема во истовреме... А пак, други си се сметале за неплодни, па бременоста ги изненадила. Така, една жена раскажува дека не можела да забремени неколку години, па со партнерот им успеало откако таа два месеци редовно земала „Оземпик“ заради слабеење. И, родила здраво дете.

Се испостави дека самото губењето тежина, всушност, влијае врз плодноста и општото хормонално ниво.

- Дури и ако се работи за само неколку килограми, тоа веќе може да доведе до продолжување на овулацијата кај жената и таа ќе може да забремени. Нашите масни клетки произведуваат естроген, којшто може да има негативен ефект врз нашите јајници и овулацијата. Тоа може негативно да влијае и на слузницата на ендометриумот, вели акушер-гинекологот Иман Салех.

Покрај тоа, „Оземпик“ со својата формула го намалува и ефектот на контрацептивни лекови, што бара дополнително внимавање додека се зема овој лек.

Сепак, лекарите забрануваат земање на лекот само заради бременост - тоа е премногу опасно и за мајката, а потоа и за детето.

„Испитувањата на стаорци, зајаци и мајмуни покажуваат дека лековите за слабеење може да предизвикаат и спонтан абортус и вродени деформитети ако се земаат за време на бременоста. Сè уште нема студии за луѓе. Жената, исто така, треба да престане да зема лек за слабеење најмалку две недели пред бременоста“, препорачува компанијата-производител на лекови, „Ново Нордиск“.

Опасностите се, сепак, преголеми за да се експериментира на себе, според лекарите. /МИА

Објавен Конкурсот за запишување во јавните средни училишта за учебната 2024/2025

Министерството за образование и наука денеска го објави Конкурсот за запишување ученици во јавните средни училишта за учебната 2024/2025 година.

Во Конкурсот се наведени слободни места во училиштата во Град Скопје и општините низ државава за гимназиско, стручно и уметничко образование, за Математичко-информатичката гимназија, Спортската академија и за училиштата за настава на ученици со посебни образовни потреби.

Пријавувањето на учениците ќе биде електронско преку линк до порталот за електронски услуги на Министерството за образование и наука https://e-uslugi.mon.gov.mk со специјална најава за средношколци преку нивните кориснички сметки на Schools.mk.

Во јунскиот уписен рок има две електронски пријавувања – првото ќе биде од 20 јуни до 25 јуни, кога ќе се доставува и потребната документација до училиштата. Конечната ранг-листа од првото пријавување ќе биде на 26 јуни.

Второто електронско пријавување ќе биде на 1 и 2 јули 2024 кога воедно ќе се доставуваат и документите до училиштата, а конечната ранг листа со резултатите од запишувањето и слободните места секое училиште ќе ја објави на 3 јули 2024.

Во августовскиот уписен рок пријавувањето ќе се врши на 21 август 2024.

Во Конкурсот се содржани условите и критериумите за запишување, насоки за спроведување на конкурсот, роковите за запишување со детали за полагање на квалификациските тестирања и за објавување на резултатите.

Новинар на „Тајмс“: Алонсо не е на потесниот список на замени на Клоп

Продолжуваат шпекулациите околу иднината на тренерот на Баер Леверкузен, Чаби Алонсо. Шпанскиот стручњак најмногу се поврзува со Баерн Минхен и Ливерпул, а конечната одлука на тренерот кој брка тројна круна со „аспирините“ се уште не е позната.

Сагата помеѓу Ливерпул и Чаби Алонсо доби вистински пресврт бидејќи познатиот новинар Пол Џојс, кој е близок до „црвените“ и работи за „Тајмс“, објави дека шпанскиот тренер нема да се најде на потесниот список на замени на Јирген Клоп.

Тоа е многу остар пресврт од првичните гласини кои го поврзуваа Алонсо конкретно со тимот, но според сите сметки тој изгледа малку веројатно да застане на чело на Ливерпул, а сега се очекува Шпанецот да остане во Баер Леверкузен./МИА

притисни ентер