Фото: Саемот на автомобили во Франкфурт !!

Саемот на автомобили во Франкфурт и годинава донесува голем број на светски премиери иако е посиромашен за  автомобилски гиганти .

Годинава своето учество на саемот го откажаа Ферари, Тојота... . Овие автомобилски гиганти се откажале од саемот во Франкфурт поради тоа што им било поевтино да се рекламираат на социјалните мрежи.

Сепак на традиционалниот саем на автомобили во Франкфурт има што да се види. Порше тајкан, Ауди А5 ТДИ Кватро, БМВ Концепт 4,модели на Ламборџини,  Мерцедес „EQS“, Мерцедес хибрид, Кинески Хонги автомобил, Кинески „BYTE“, Фолксваген Т1...

Видео: Водителка се вклучи живо во програма со змија на вратот!!

Австралиска презентерка е хит на интернет, во живо во програма за вклучила со змија околу вратот.

Водителката на една австралиска телевизија е хит на социјалните мрежи поради видеото  на кое зборува во камера додека на рамо и стои змија која потоа и ја напаѓа.

Русокосата Сара Кот правела прилог за безбедност во случај да се соочите со змија, а продуцентите една змија и ставиле на рамото.

Змијата прво го нападнала микрофонот, Сара на продуцентите им рекла „Ми го гризе микрофонот, што ако ме касне по раката“.

Четири лица починаа од коронавирусот во Италија

Во Италија уште едно лице почина од новиот Коронавирус, со што вкупниот број на починати сега изнесува четири лица.

Како што пренесува италијанската агенција АНСА, станува збор за 84-годишен маж од Ломбардија кој бил хоспитализиран во Бергамо и имал хронични болести.

Викендот во Италија беа одложени и неколку  натпревари од Калчо поради наглото ширење на коронавирусот на северот на земјата.

  Италијанската влада презеде активности за изолирање на 11 населени места, од кои повеќето се во северниот регион на Ломбардија и Венето.

Училиштата и градинките, спортските објекти и продавниците се затворени. Јавниот превоз е запрен. Тие мерки влијаат врз повеќе од 50.000 жители.

Досега во Италија од новиот коронавирус наречен ковид-19 се заразени 165 лица.

Во Северна Кореја околу 380 странци ставени во карантин поради коронавирусот

Северна Кореја стави во карантин околу 380 странци за да ги спречи појава на коронавирусот, пренесуваат државните медиуми.

Претходно, земјата го прекина железничкиот сообраќај кон и од Кина и Русија.

Севернокорејските медиуми не откриваат повеќе детали за странците кои се во карантин, но се претпоставува дека се работи за странски дипломати во Пјонгјанг и оние кои дошле во земјата за некаква работа.

Пјонгјанг засега тврди дека во земјата нема болни од новиот коронавирус, но на почетокот од месецов беше воведен едномесечен карантин, а се спроведуваат посилни мерки за надзор на луѓето кои се разболуваат.

притисни ентер