Таткото на бебето , откако го ставил во кошница и го фрлил во реката , заминал во блискиот паб за да се напие, каде што бил уапсен. Иако пожарникарите го извадиле бебето од реката , тоа набргу починало во болница.
Келнерката во пабот изјави дека младиот човек дошол во пабот, побарал пијалок и рекол дека нема пари.
"Тогаш толпа луѓе влегоа во пабот викајќи дека виделе дете во реката. Човекот остана на своето место, а кога ја повикавме полицијата, тој рече дека детето е негово и дека го фрлил во реката", додаде таа.
Полицијата потоа дошла и го уапсила, по што започнала истрага.
Сведоците зборуваат за голем број полицајци и хеликоптери во спасувачка акција.
„Никогаш не сум видел толку полиција на едно место“, рече Анастасија Вард, која живее во близина на мостот.
Истражувачот на полицијата во Манчестер, Џејми Даниелс изјави: „Ова е неверојатно трагичен настан. Невино дете го загуби животот и правиме се што можеме за да го поддржиме неговото семејство во овие тешки времиња. Во тек е истрага за да се утврди како момчето завршило во реката. "
Луѓето во населбата Радклиф во Манчестер, каде се случило злосторството, напишале на социјалните мрежи: „Не можам да искажам со зборови. Јас живеам и работам во Радклиф, го знам овој дел од градот и никогаш не сум помислил дека може вакво нешто да се случи."