Татко го фрлил бебето во рекa и отишол на пијачка (ВИДЕО)

Едногодишното момченце почина вчеравечер во Манчестер , откако неговиот 22- годишен татко го фрлил во река и отишол на пијачка.

Таткото на бебето , откако го ставил во кошница и го фрлил во реката , заминал во блискиот паб за да се напие, каде што бил уапсен. Иако пожарникарите го извадиле бебето од реката , тоа набргу починало во болница.

Келнерката во пабот изјави дека младиот човек дошол во пабот, побарал  пијалок и рекол дека нема пари.

"Тогаш толпа луѓе влегоа во пабот викајќи дека виделе дете во реката. Човекот остана на своето место, а кога ја повикавме полицијата, тој рече дека детето е негово и дека го фрлил во реката", додаде таа.

Полицијата потоа дошла и го уапсила, по што започнала истрага.

Сведоците зборуваат за голем број полицајци и хеликоптери во спасувачка акција.

„Никогаш не сум видел толку полиција на едно место“, рече Анастасија Вард, која живее во близина на мостот.

Истражувачот на полицијата во Манчестер, Џејми Даниелс изјави: „Ова е неверојатно трагичен настан. Невино дете го загуби животот и правиме се што можеме за да го поддржиме неговото семејство во овие тешки времиња. Во тек е истрага за да се утврди како момчето завршило во реката. "

Луѓето во населбата Радклиф во Манчестер, каде се случило злосторството, напишале на социјалните мрежи: „Не можам да искажам со зборови. Јас живеам и работам во Радклиф, го знам овој дел од градот и никогаш не сум помислил дека може вакво нешто да се случи."

Фото: Моника Белучи има нова фризура!

Една од најубавите жени на светот, италијанската актерка Моника Белучи се потстрижа и стана опасна.

Убавата Моника  одлучила драстично да го промени својот имиџ.

Преубавата актерка која беше гостинка на ревијата на модната куќа „Долче и Габана“ во рамките на Неделата на модата во Милано, на црвениот тепих се прошета  со нова фризура.

Моника на црвениот тепих во Милано се појави во бел костум под кој носеше црна проѕирна кошула, но овој стајлинг сепак беше во сенка на нејзината нова фризура.

За оваа промена е заслужен познатиот фризер Џон Нолет, кој се грижи за фризурите на многу познати дами  во Холивуд.

Фото: Сексапилната сопруга на фудбалерот Икарди, Ванда повторно гола!!

Сопругата на аргентинскиот фудбалер Мауро Икарди, Ванда Нара повторно ги воодушеви своите фанови на социјалните мрежи со провокативни фотографии.

Сексапилната Ванда често знае да предизвика „земјотрес“ на социјалните мрежи со секси фотки.

Русокосата Ванда сега предизвика хаос со две фотографии на кои е гола, без ниту едно парче облека на себе.

Очигледно е дека Ванда позирала за некој магазин.

Под голите фотки сопругата и менаџер на Икарди оставила кратка порака:

-Добра ноќ. Денот да ви биде поубав!!

Инаку Ванда редовно на социјалните мрежи објавува провокативни фотографии кои експресно добиваат илјадници лајкови и коментари.

Филипче на Самитот за универзална здравствена покриеност на ГС на ОН

Заедничка цел е да се изгради достапна, квалитетна и долгорочно одржлива здравствена заштита со граѓаните во центарот на здравствениот систем.

Универзалната здравствена покриеност е главна цел за здравствени реформи во нашата земја, истакна министерот за здравство Венко Филипче во своето обраќање на Самитот за универзалната здравствена покриеност на 74-тото Генерално собрание на Обединетите нации во Њујорк.

Филипче, како што соопшти владината прес-служба, нагласи дека таа цел произлегува од заедничката визија на Владата на Република Северна Македонија и на Министерството за здравство, за здравје и благосостојба на секого и насекаде кон што се насочени и здравствените реформи во земјата.

– Заедничка цел е да се изгради достапна, квалитетна и долгорочно одржлива здравствена заштита со граѓаните во центарот на здравствениот систем, а исто така да се зајакне чувствителноста и одговорноста на поединецот за своето здравје и здравјето на другите. Поставувањето на овој проблем како приоритет осигурува дека сите луѓе имаат пристап до здравствени услуги со доволен квалитет, а тоа ќе игра голема улога во намалувањето на здравствените нееднаквости во Македонија, потенцираше министерот за здравство Филипче во своето обраќање на Самитот за универзалната здравствена покриеност на 74-тото Генерално собрание на ОН.

Филепче, како што се наведува, информираше дека Македонија е меѓу првите земји на глобално ниво што ја разгледа својата заложба за примарна здравствена заштита во согласност со Декларацијата на Астана и дека земјата го продолжи овој процес за време на првиот национален форум за здравствена заштита, што се одржа на 13 февруари 2019 година.

Министерот Филипче го запозна Самитот за универзалната здравствена покриеност за новата визија на земјата за примарната здравствена заштита како клучен национален приоритет насочен кон подобрување на севкупните перформанси на здравствениот систем и истакна дека земјата ја забрзува нејзината имплементација.

– Усогласувањето на примарната здравствена заштита со оваа визија ќе го зголеми нејзиниот капацитет за реакција и ќе обезбеди одржливост на здравствениот систем, спречување и намалување на товарот на незаразните заболувања и подобрување на здравјето и благосостојбата на населението во Македонија, рече во своето обраќање министерот Филипче. Тој посочил дека продолжува мултисекторската соработка и се фокусирани да се обезбеди достапен и висококвалитетен здравствен систем ориентиран кон граѓаните.

притисни ентер