Најмалку 50 патници загинаа во железничка несреќа во Конго

Најмалку 50 се загинати , а стотина патници се повредени кога се излизга воз од шини во африканската држава Конго.

Министерот за хуманитарни работи, Стив Мбикаји изјави дека ударот се случил околу 3 часот по полноќ по локално време во близина на градот Марибариди и дека бројот на загинатите не е конечен.

„Во име на владата, јас упатувам сочувство на семејствата на загинатите“, напиша тој на Твитер.

Гувернерот на Тангањика, Зое Кабила, подоцна даде пониски привремени информации за 10 загинати и 30 повредени. Тој рече дека три вагони се излизнале.

Смртоносни сообраќајни незгоди се вообичаени во Демократска Република Конго поради лошата инфраструктура и недостатокот на регулатива.

Без вода утре дел од жителите на Аеродром

Без вода утре од 8 часот ќе останат корисниците од ниската зона од непарните броеви од бр. 61 до бр. 109 на булеварот „Јане Сандански" во населбата Аеродром.

Како што соопшти РЦУК-Скопје, прекинот е поради промена на затворач на водоводна мрежа со пречник од 100 милиметри на булеварот „Јане Сандански" бр. 107 во Аеродром.

Корисниците ќе бидат без вода се до завршување на интервенцијата. /МИА

Димитров во Њујорк учествуваше на две панел дискусии – за климатски промени и за мултиконцептуален свет

На настанот на високо ниво беа разменети мислења за потребата од координирано делување за ефективно справување со новите еко-предизвици.

„Засилување на европската лидерска улога на глобално ниво во сферата климатските промени и растот на еколошки чистата економија" е темата на панел дискусијата, која се одржа во организација на Светскиот економски форум во Њујорк, а на која учествуваше и шефот на дипломатијата Никола Димитров.

На настанот на високо ниво беа разменети мислења за потребата од координирано делување за ефективно справување со новите еко-предизвици.

Учесниците во дискусијата се осврнаа на новите глобални закани и ризици по (човековата) безбедност и потребата од заедничка европска акција во насока на обезбедување транспортна инфраструктура без штетни емисии, обновлива енергија и иновативни технологии, паралелно со процесите на креирање на нови работни места и европското преминување кон иднина со нула штетни емисии.

 Сесијата ја отвори холандскиот премиер Марк Руте, а во дебатата учествуваа претседатели на држави и влади, министри од земји-членки на ЕУ, како и високи претставници на разни засегнати страни.

 На покана на Светскиот економски форум и истражувачкиот институт Брукингс, министерот Димитров учествуваше на тематскиот настан "Обликување на партнерства за мулти-концептуален свет."

 Состојбата во Иран беше во фокусот на дискусијата, а на настанот присуствуваа група глобални лидери од јавниот и граѓанскиот сектор, истражувачките институти и бизнис заедницата.

Министерот Димитров, кој учествува на Генералната дебата на 74-тата сесија на Генералното собрание на Обединетите нации, на панел-дискусијата. /МИА

Законот за стечајци на владина седница

Владата на Република Македонија денеска ќе одржи редовна седница.

На седницата меѓу другото ќе расправа Предлог-законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизација на претпријатијата во доминантна државна сопственост предложен од Министерството за труд и социјална политика.

Како што соопшти владината прес-служба на денешната седница ќе биде разгледана информација за текот и прогресот на активностите за реализација на проектот „Поддршка на воздухопловна федерација" на предлог на Акционерското друштво во државна сопственост за вршење на дејноста давање услуги во воздухопловната навигација М-НАВ АД Скопје.

На предлог на Канцеларијата на Претседателот на Владата на Република Македонија министрите ќе разгледаат информација за потпишување на Договор меѓу Република Македонија и организаторите на EXPO Dubai 2020.

Министрите ќе ја разгледаат и информацијата за вклучување на училиштата во иницијативата за саморефлексија при користење  дигитална технологија во образовниот процес преку употреба на алатката Selfie која веќе се употребува во 35 земји и е изработена од страна на Заедничкиот истражувачки центар при Европската комисија (Join Research Centre – JRC). /МИА

притисни ентер