Младата шведска активистка ги предводеше протестите пред Белата Куќа (ВИДЕО)

Без ниеден збор за Доналд Трамп младата шведска еколошка активистка Грета Туберг ги предводеше демонстрантите , од кои најмногубројни беа ученици и тинејџери , пред Белата куќа во Вашингтон.

„Никогаш не се откажувајте“, рече активистот во краткото обраќање пред стотиците собрани. „Ќе продолжиме, ќе се видиме следната недела на 20 септември“, додаде таа, осврнувајќи се на глобалниот штрајк против климатските промени, во кој младите луѓе и работниците ќе ги напуштат училиштата и работните места за да бараат конкретни чекори за заштита на климата.

16-годишната Швеѓанка, која пристигна во Њујорк на крајот на август на едреник преку Атлантикот, беше главна sвезда за почеток на климатските протести во САД.

Протестот беше прв јавен настан за време на шестдневната посета на Вашингтон , со цел да се изврши притисок врз администрацијата на Трамп и Конгресот, пред Самитот на ООН за климатски промени во Њујорк, на кој светските лидери треба да се посветат на натамошно намалување на емисиите на стакленички гасови. И Тунберг ќе присуствува на самитот на 23 септември.

Таа им кажа на новинарите кои сакаа да разговараат со неа дека не сака да биде во центарот на вниманието. Опкружени од средношколци и студенти со транспаренти „Без јаглен, без нафта, оставете го јагленот во земјата“, „Луѓе или профит?“ и „Затоплување“, таа смирено го држеше во раката нејзиниот славен транспарент „Училишен климатски штрајк“.

Грета Туберг не е позната во Соединетите држави како во Европа, но за време на престојот во Вашингтон, Амнести Интернешнл ќе и даде признание во понеделник, а демократските пратеници ја поканија во Конгресот на 18 септември.

Италијанскиот министер за одбрана, Кросето во посета на Косово

Кросето во базата на НАТО ќе ги посети војниците од италијанскиот контигент на КФОР.

Министерот за одбрана на Италија, Гвидо Кросето допатува претпладнево во Косово, каде што ќе се сретне со неговиот хомолог, косовскиот министер за одбрана, Ејуп Маќедонци и со командантот на мисијата на НАТО во земјата КФОР, Озкан Улуташ, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во соопштението на италијансаката амбасада во Приштина се наведува дека Кросето во базата на НАТО ќе ги посети војниците од италијанскиот контигент на КФОР, на кои ќе им го честита вториот ден од тридневието на католички Велигден, Велик петок.

- Авионот со италијанскиот министер за одбрана Гвидо Крозето штотуку слета во Приштина. На дневен ред се разговори со неговиот косовски колега, Ејуп Маќедонци и со командантот на КФОР, Озкан Улуташ. Во базата на НАТО во „Филм Сити“ министерот ќе го поздрави италијанскиот контингент распореден на Косово, се вели во соопштението на Амбасадата на Италија во Косово. /МИА

Манолева: Болницата во Отешево со комплетно нов лик по 43 години

Заменик министерката за здравство д-р Маја Манолева, вчера беше во посета на ЈЗУ Специјализирана болница за превенција лекување и рехабилитација на хронични респираторни неспецифични и алергиски заболувања ОТЕШЕВО.

Оваа јавно-здравствена установа минатата година доби комплетно нов лик со реновиран болнички објект финансиски поддржан од Министерството за локална самоуправа и Владата на Швајцарија во висина од 20 милиони денари.

„Со имплементацијата на овој проект подобрени се болнички услови за третман на пациенти, поставен е нов мебел како донација од Луксембург, а собите се наместени со нов инвентар. Сите амбуланти, лабораторија, дневна соба, ехо кабинет, соба за спирометрија и алерго тестови се позиционирани во реновираниот објект. Како што можевме да видиме од посетата амбулантите веќе функционираат во реновираните простории. Специјализираната болница Отешево нуди современи услови за третман на пациенти и достоинствени услови за работа на здравствените работници“, рече Манолева.

Болницата во Отешево опстојува повеќе од 43 години и ова е прво реновирање кадешто значително се унапредени болничките услови. Во изминатиот период, установата се зајакна и со два апарати за физикална медицина и рехабилитација во склоп на проектот во вредност од 270 илјади денари.

Министерство за здравство

Климатските промени ќе ја зголемат инфлацијата на храната

Зголемувањето на температурите и екстремните временски настани се очекува да имаат глобално влијание на земјоделството. 

Според новата студија на Институтот за истражување на климатските влијанија во Потсдам (ПИК), зголемените просечни температури би можеле да ја зголемат годишната инфлација на храната до 3,2 отсто годишно, а вкупната инфлација до 1,18 отсто годишно до 2035 година.

Во студијата, истражувачите наведуваат дека климатските фактори, како што се високите температури и екстремните врнежи, влијаеле на инфлацијата во историски контекст, но не направиле посебна анализа за тоа кои прехранбени производи најверојатно ќе бидат најмногу погодени.

„Откривме дека зголемувањето на температурите може да доведе до повисоки цени на храната, особено во топлите региони и годишните времиња“, рече д-р Макс Коц, еден од авторите на студијата.

„Во идните климатски услови, овие влијанија би можеле да станат големи - проценети на 1-3 процентни поени годишно врз инфлацијата на храната до 2035 година, загрозувајќи ги целите за стабилност на цените на централните банки, како што е ЕЦБ, која има за цел да ја задржи инфлацијата под 2 отсто“, додаде Коц.

Во исто време, вкупната инфлација може да расте во просек за 0,32-1,18 процентни поени секоја година на глобално ниво, се вели во студијата.

Зголемените или нестабилните цени ја загрозуваат економската и човечката благосостојба, како и политичката стабилност, се наведува во извештајот, цитирајќи податоци на ОН дека кризата на трошоците за живот во 2021-2022 година турна во сиромаштија дополнително 71 милион луѓе ширум светот.

Инфлацијата предизвикана од климата влијае подеднакво и на богатите и на сиромашните земји. Се очекува глобалното затоплување да влијае на инфлацијата на храната и на вкупната инфлација и во земјите со високи и со ниски приходи.

Инфлацијата расте како што растат температурите, а најсилно се јавува во лето и во топлите региони на пониски географски широчини, каде што ќе се задржи во текот на целата година. Поради оваа причина, според студијата, глобалниот југ, особено Африка и Јужна Америка, ќе бидат погодени во поголема мера.

Студијата внимателно го разгледува исклучително топлото европско лето во 2022 година, кога жештината и сушата имаа големо влијание врз земјоделството и економијата.

„Проценуваме дека исклучително топлото лето во 2022 година ја зголеми инфлацијата на храната во Европа за околу 0,6 отсто. Идното затоплување, прогнозирано за 2035 година, би го зголемило влијанието на ваквите екстремни настани до 50 отсто“, додаде Коц. /МИА

притисни ентер