Сопствениците на најпознатиот американски спортски автомобил го поставија светскиот рекорд во Европа (ВИДЕО)

До каде може да допре погледот , беа наредени американските Мустанзи и тоа не во САД , туку во срцето на Европа, Белгија.

На собирот на љубителите на Форд Мустанг беше урнат светскиот рекорд.

Сопственици на сите генерации на Мустангс се собраа на полигонот за тестирање на Форд Ломел, во Белгија. Никогаш порано, толку многу Мустанзи не биле видени на едно место, па ова е еден вид светски рекорд.

Во Белгија се собраа  1.326 Mустанзи , 486 повеќе отколку на последниот ваков собир пред две години во Мексико. Белгија е најпопуларен пазар на Мустанг во Европа во однос на населението.

Инаку, во првата половина од годината, во Европа се продадени околу 5.500 Мустанзи, 3,7% повеќе од претходната година.

Се појави најмалиот персонален компјутер на светот (ВИДЕО)

iLife MP8 Micro PC е вистинскиот џуџест персонален компјутер.

Има димензии од 50х50х40 милиметри и може лесно да се изгуби поради минијатурните димензии.

„Mini box“, сепак, со помош на Wi-Fi приклучок , безжична тастатура и маус, станува персонален компјутер со прилично цврста конфигурација за неговата големина, дизајниран за основни работи.

Ова „џуџе“ се напојува со процесор Intel Celeron N4100. Опремен е со 4 GB RAM меморија и 64 GB внатрешно складирање eMMC.

Слот за microSD, порта за HDMI, две порти за USB 3.1, аудио излез од 3,5 мм и приклучок за напојување USB Type-C се одговорни за проширување на меморискиот капацитет и поврзување со други уреди.

ILife MP8 Micro PC го користи оперативниот систем Виндоус 10 и веројатно е во моментов еден од најмалите Win 10 компјутери.

Бидејќи неодамна имаше премиера во матичниот Хонг Конг, цената сè уште не е позната.

Ќерката на Ума Турман објави снимка на која е гола и пијана (ВИДЕО)

Ќерката на Ума Турман и на Итан Хок , Маја, ги шокираше фановите на Инстаграм , каде објави снимка како шета гола и пијана низ студијата во Лос Анџелес.

"Еј, добредојдовте во животот на филмска sвезда. Ако некогаш сте се запрашале како е да се биде славен, еве ви. Тоа е многу гламурозно и секси и сите сакаат да спијат со вас и да ве сакаат цело време", зборува Маја во бизарно видео.

„Луѓето ви даваат многу бесплатна храна и бесплатна облека и бесплатен алкохол. Јас скоро никогаш не плаќам за ништо“, продолжува таа.

21-годишната актерка исто така призна дека се снимала пијана, а се верува дека се појавила на сетот на нејзиниот нов филм „Мејнстрим“, кој треба да излезе следната година. Инаку, Маја се појави во серијалот Stranger Things и во хитот на Тарантино Once Upon a Time in Hollywood.

Американка намерно го попарила тригодишното дете со врела вода (ВИДЕО)

Мајката на четири деца , Патриша Бухан од Њу Џерси признала дека тригодишното дете намерно го попарила со жешка вода.

Таа наводно сакала да го казни детенцето зашто се измокрило на подот на нивниот стан.

Патриша Бухан призна денеска во судот дека му наредила на детето да ја соблече облеката и да влезе во када, по што го потурила со зовриена вода од тенџере и му нанела изгореници од втор степен, јавува Њујорк пост. Според извештајот на обвинителот, Патриша Бухан не била поврзана со момчето.

„Детето ги живееше првите три години од својот живот во куќа на ужасот“, рече помошникот на окружниот правобранител Мајкл Морис и заклучи дека откако го добил признанието, случајот во декември ќе биде решен.

Мајката на момчето, Наташа Смит, живеела со Патриша Бухан и уште тројца возрасни во станот, и сите се обвинети за напад и загрозување на благосостојба на детето.

Пресудата за Бухан се очекува на 6 декември и таа се соочува со шестгодишна затворска казна, додека обвиненијата се во тек против другите лица кои живееле во истиот стан.

притисни ентер